Николоски: Во следните месеци ќе биде пуштена најтешката делница од автопатот Кичево-Охрид

August 4, 2026
1 min read

Рокот за целосно завршување и предавање во употреба на целиот автопат, според него, е мај следната година. Најтешката делница од автопатот Кичево-Охрид во должина од десетина километри ќе биде пуштена во употреба во следните месеци, соопшти вечерва вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во денешното гостување на ТВ Канал 5 коментирајќи ги капиталните инвестиции што се градат низ државата.

Рокот за целосно завршување и предавање во употреба на целиот автопат, според него, е мај следната година.

„Но, веќе во првиот квартал во следната година ќе го пуштиме автопатот“, додаде Николоски. Посочи дека на најсложениот дел од трасата се наоѓаат галерии, мостови, вијадукти и најдолгиот тунел во државата.

„Очекувам оваа делница да биде пуштена во следните месеци и со тоа полека да се комплетира автопатот Охрид-Кичево“, кажа тој. Според него, најголем дел од капацитетите на Министерството за транспорт се насочени токму кон овој проект поради наследните многубројни проблеми.

„Околу 80 отсто од времето и енергијата ги трошиме на Охрид-Кичево, а 20 отсто на другите проекти. Го наследивме со толку многу проблеми што бара секојдневен ангажман, но сега веќе се гледаат резултатите“, вели министерот.

Зборувајќи ја генералната слика за капиталните инвестиции, Николоски посочи дека градежништвото и транспортот се главните двигатели на економскиот раст, што се рефлектира преку двоцифрен раст на градежниот сектор во сите квартали.

„Во моментов само во општините имаме преку 1 200 отворени градилишта, како проекти што се финансирани од Владата. Ако на тоа се додадат шест автопати што паралелно се градат во државата, што никогаш во историјата на државата не се случило, како и работата на железничкиот Коридор 8, подготовките за почеток на Коридорот 10, но и инвестициите во аеродромите, тогаш имаме заокружена слика на силни капитални инвестиции, што придонесуваат и за економскиот раст“, вели тој.

Во врска со изградбата на железничкиот Коридор 8 и поврзувањето со Бугарија, рече дека на неодамнешниот меѓуресорски состанок во Софија, на кој е потпишано заедничко писмо до Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за финансирање заеднички тунел, со што се надминува проблемот со претходниот тунел.

Николоски рече дека по преземањето на мандатот во јуни 2024 година, Владата затекнала отворен тендер за третата фаза од железничкото поврзување со Бугарија, кој предвидувал изградба на само половина од заедничкиот тунел.

„Тоа ќе беше првпат во историјата на светот да се тендерира тунел до пола, затоа што тунелот е цевка, и таа цевка оди во планината, со цел од едната страна се влегува, од другата се излегува“, рече министерот. Најави дека на крајот на месецот ќе се одржи нов состанок во Скопје, а наскоро се очекува и тендер за избор на изведувач за третата фаза.

За изградба на Коридорот 10 рече дека тој ќе биде проект поддржан од Велика Британија. Посочи дека студиите ќе бидат завршени до крајот на месецот, по што ќе следува законската процедура, а теренските активности се очекуваат во првите месеци во 2027 година.

Извор: zurnal.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турција на нозе, Салах пристигнува во Трабзонспор

Следно

Морничави сцени: Вака изгледа „руско сафари“ ВИДЕО

Latest from Blog

Николоски: Македонија останува посветена на силната соработка со САД

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, оствари средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во Република Македонија, Никол Варнс. На средбата, како што информира Николоски, биле

Рајна падна на рекордно ниско ниво, Романија минираше карпа на Дунав заради подобар проток

Нивоата измерени во Келн во западна Германија и во Лобит, каде што Рајна преминува од Германија во Холандија, се најниски откако се водат евиденции. Минатата недела, водостојот на Дунав падна на најниско
Go toTop