Николоски: Таравари за лична корист влегува во владата на СДСМ и ДУИ, уставни измени во овој парламентарен состав нема да се случат

January 30, 2023
1 min read

Она што јас го знам веќе таму е при крај работата, размислуваат за една или друга варијанта во смисла дали политичката партија Алтернатива ќе остане во влада или не, и до петок веќе треба да излезат со формална поделба на министерства. Ова не се прави за никакви уставни измени или уставно мнозинство, затоа што сите знаат дека уставно мнозинство од 80 пратеници нема, затоа што ВМРО-ДПМНЕ не поддржува и нема да поддржи во овој парламентарен состав уставни измени. Во овој парламентарен состав се прават овие работи само заради проста математика заради лична корист на Арбен Таравари и екипата околу него и заради ситно партиски интереси. Тоа се одлуки кои што тие си ги носат. Но, како ќе се одрази на нивната политичка партија самите ќе видат, но она кое што е суштински дека забораваат дека смислата на демократијата е кога се натпреварувате на избори, да има власт и опозиција, вели Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното интервју во „Тема на денот“ во Централниот дневник на ТВ Сител одговарајќи на прашањето дали смета дека со влез на Алијанса на Албанците во владата може да се случат уставните измени.

Николоски не гледа која е логиката за влез на Алијанса на Албанците, ниту пак гледа зошто било кој Албанец би гласал за нив кога седнуваат и преговараат со ДУИ кој е нивен главен политички опонент.

Која е логиката за постоење на Алијанса на Албанците ако влегува во иста влада со ДУИ која до вчера ја напаѓаа како главен политички опонент и зошто било кој Албанец да гласа за Алијанса на Албанците кога нивната политичката партија ги предава и седнува на иста маса со оние против кои што формално се борат, рече тој.

Николоски потенцира дека дури и да има договор за влез на Алијанса на Албанците во владата, сепак има големо незадоволство во парламентарното мнозинство кои сериозно размислуваат дека треба да се оди на предвремени парламентарни избори и да се провери легитимитетот на политичките партии во државата.

Сметам дека дури и да има договор со Алијансата на Албанците, шансата за предвремени избори е огромна, затоа што постои сериозна бројка на пратеници од постојното владино мнозинство составено од СДСМ, ДУИ и Алтернатива кои што не се согласуваат со владините политики и сериозно размислуваат дека треба да се оди на избори на кои што треба да се провери легитимитетот на сите политички партии во Македонија, изјави Николоски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шулце: Германија ќе вложи 222 милиони долари за заштита на амазонската прашума

Следно

Потпишан финалниот договор тежок две милијарди евра за изградба на пристаништето во Драч

Latest from Blog

Коњановски: Поголема улога на компаниите во развојот и општествениот живот на Битола

Иницијативата за формирање „Бизнис клуб Битола“, поддршката за Клиничката болница и поголемото вклучување на компаниите во активности од општествен интерес беа теми на работниот состанок на Регионалната комора со седиште во Битола.

Славески: Од следната недела до 15.000 денари неделно за подигање готовина од „АЛТА банка“

Од следната недела, неделниот лимит за подигање готовина и плаќање со картичките на „АЛТА банка“ АД Битола ќе се зголеми од 10.000 на 15.000 денари, најави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Проданоски: По половина век се обновува патот за Веселчани и Загорани

Се рехабилитираат три километри од локалниот пат што ги поврзува Веселчани и Загорани со регионалниот пат Прилеп – Битола, соопшти градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според Проданоски, делницата се обновува по 50

Битола петта година ги вклучува граѓаните во планирањето на општинскиот буџет

Жителите на Битола и околните населени места ги изнесоа своите предлози за општинскиот буџет за 2027 година на втората сесија од Буџетскиот форум. Меѓу темите беа инвестициите во Старата чаршија, санацијата на

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт
Go toTop