Николоски: Со забрзана динамика продолжува изградбата на железничката линија кон Бугарија

June 10, 2026
1 min read

Изградбата на втората делница од железничката пруга кон Бугарија, на потегот Бељаковце–Крива Паланка, напредува со засилена динамика, станува збор за еден од најкомплексните и најголеми инфраструктурни проекти што се реализирaaт во Македонија, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски кој заедно со дитекторот на ЈП МЖ Инфраструктура и претставници од изведувачот Ѓулермак извршија увид на градежните работи на трасата.

Вицепремиерот Николоски при посетата истакна дека проектот претставува инженерско достигнување, пругата е дел од стратешкиот НАТО Коридор 8, кој ја поврзува Македонија со Бугарија и Црното Море.

-Се работи за исклучително предизвикувачки проект кој опфаќа изградба нови три станици, Кратово, Романовце и Гиновце, 29 мостови, 15 тунели, шест надвозници, три подвозници. Имајќи ја предвид конфигурацијата на теренот, ова ќе биде железница на која возовите ќе сообраќаат со брзина од 100 до 120 километри на час, што во вакви услови е навистина одлично решение, изјави Николоски.

 

Тој нагласи дека мостовите што се градат претставуваат инженерско чудо, со столбови високи до 61 метар, што е повеќе од двојно повисоко од просечна осумкатна станбена зграда.

-Највисокиот столб кој што се гради е цели 61 метар. Само за споредба, просечна зграда, некаде од 7-8 ката, е во висина од 24-25метри, што значи дека тука зборуваме за згради кои што би биле од 10-20 ката, кога овие столбови би ги преселиле во една урбана средина, потенцираше министерот Николоски.

Во рамки на проектот ќе бидат вградени десетици илјади тони арматура и вкупно 125.000 кубни метри бетон. Николоски информираше дека напредокот кај конструктивните работи достигнал 31 процент, додека вкупната реализација на проектот е 36 проценти.

-Очекувам до октомври 2028 година тука веќе да оперираат возови. Ова е дел од Коридорот 8 источно крило, по изградбата на втората делница секако ќе ја градиме и третата. За истата во соработка со Европската инвестициска банка, ЕБОР и ЕУ од каде што имаме грант, сакам да се заблагодарам. Веќе е објавен тендер за избор на Надзорен орган, а очекувам во следните неколку недели, во соработка со ЕБОР и ЕУ, да го објавиме и тендерот за изведба, како би можеле конечно Македонија со пруга да ја поврземе со Бугарија, односно Скопје да го поврземе со Софија, а оттаму и со Црното Море, додаде вицепремиерот Николоски.

Тој потсети дека Коридорот 8 е прогласен од НАТО за втор најзначаен безбедносен коридор и има големо геостратешко значење за регионот, на кој меѓународните партнери на земјава се особено посветени.

На крајот, Николоски упати благодарност до премиерот Мицкоски, Министерството за финансии, директорот на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Синиша Иваноски и неговиот тим, како и до сите работници ангажирани на терен, истакнувајќи дека токму нивната посветеност овозможува реализација на комплицирани инфраструктурни проекти во Македонија.

Директорот на ЈП МЖ инфраструктура Синиша Ивановски истакна дека во наредниот период очекува силна динамика на градежните работи, а претпријатието останува посветено на реализација на капиталните проекти.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лоша карма: ЌЕ ГО АПСЕШЕ ПУТИН А СЕГА ГО ГОНАТ ЗА СЕКСУАЛНИ НАПАДИ…

Следно

Саудијците му нудат на Рафиња четири пати поголема плата од неговата за да ја напушти Барселона

Latest from Blog

Саудијците му нудат на Рафиња четири пати поголема плата од неговата за да ја напушти Барселона

ФОТО:Facebook.com/fcbarcelona/ Саудиските клубови наводно се обидуваат да ја доведат ѕвездата на Барселона, Рафиња, нудејќи му четири пати поголема плата од неговата моментална. Според шпанскиот спортски весник „Мундо Депортиво“, два саудиски клуба –

Лоша карма: ЌЕ ГО АПСЕШЕ ПУТИН А СЕГА ГО ГОНАТ ЗА СЕКСУАЛНИ НАПАДИ…

Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд (МКС), Карим Кан, е суспендиран од должноста поради сомнежи за сексуални напади, соопшти Претседателството на државите-членки на Судот во Хаг. За можноста за негово разрешување од

Николоски изврши увид во изградбата на железничката делница Бељаковце–Крива Паланка

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, заедно со директорот на МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски, денеска извршија увид во изградбата на втората фаза од железничката пруга кон Бугарија, на

МФ: 230 милиони евра пласирани во домашните компании од унгарскиот заем, рализирани 92% од вкупните средства

10 јуни 2026, Скопје – Министерството за финансии изврши трансфер на 131 милион денари од централниот Буџет кон Развојната банка, средства наменети за реализација на проекти во домашните компании.   Со трансферот, извршен
Go toTop