Николоски: Конкурентните цени и подобрата инфраструктура го поттикнуваат извозот

October 27, 2026
1 min read

Владата продолжува да го стимулира извозот, затоа што тоа е прв приоритет за домашната економија. Имаме конкурентни цени, конкурентен транспорт, но тој треба да се оддржува. Бараме билатерални решенија со земјите во Шенген зоната за транспортерите, Швајцарија прва ни подаде рака и ќе продолжиме да го решаваме ова прашање. Инвестициите во развој на транспортната мрежа на коридорите 8 и 10 ги реализираме забрзано, се обрати заменик претседателот на Владата, Александар Николоски на “Форумот за глобална трговија и раст 2026” во организација на Швајцарската комора на Македонија. 

“ Извозот е приоритет, затоа што доколку се ограничиме само на она што е домашен пазар, тогаш далеку од биле, дури и од ова ниво на економски раст којшто го имаме сега, а секако треба и дополнително да растеме, затоа што ова е далеку од она што би сакале да го видиме. Така што, извозот е број еден  приоритет за домашната економија, нешто што многу го стимулираме, го поддржуваме како Влада. Драго ми е дека расте, драго ми е дека странските компании кои што имаат инвестирано, продолжуваат да растат. Исто така, доаѓаат и нови компании коишто сакаат да инвестираат, но она што ми е исто посебно драго е што домашните компании сè повеќе излегуваат на странскиот пазар. Очекувам далеку повеќе да растеме во следниот период” – истакна Николоски.

Тој додаде дека инвестициите во патната и железничката мрежа на коридорите 8 и 10 се реализираат забрзано и во комбинација со конкуретнице цени на услугите, Македонија бележи раст на економијата и извозот. 

“ Цената на горивото во Македонија е убедливо најевтина, не само во целиот регион, во цела Европа. Понатаму, цената на железничките услуги,  што ги дава Македонски Железници Транспорт, исто така се најевтини и најконкурентни во регионот. Така што, мислам дека наша задача во следниот период ќе треба да ги одржиме овие цени, имајќи предвид глобалните предизвици” –рече Николоски.

Владата останува силно посветена на поддршка на домашните но и на странските компании, дополнително на што треба да се работи, заклучи вицепремиерот Николоски е процесот на стандардизација за да се подигне нивното на конкуретност на странските пазари.  

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Димовски: Изборите во Бугарија може да бидат пресврт за односите со Македонија

Latest from Blog

Димовски: Изборите во Бугарија може да бидат пресврт за односите со Македонија

Изборите во Бугарија се поважни за иднината што Македонија сака да ја гради, иако случувањата во Србија привлекуваат поголемо внимание, оцени Илија Димовски во гостувањето во „Тема на денот“ на Сител. Поранешниот

КРИВИЧНИОТ СУД СКОПЈЕ СО ПОЗИТИВНИ ПРАКТИКИ ПРЕПОЗНАЕНИ ВО ИЗВЕШТАЈОТ НА ОБСЕ

На покана на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), Претседателката на Основен кривичен суд Скопје – судија Даниела Димовска, шефицата на специјализираното судско одделение надлежно за судење на дела од

Македонски Концепт: Прославувањето на српското освојување на Македонија е навреда за македонскиот народ

Македонски Концепт изразува остро противење на прославите на Зебрњак, со кои се велича српската воена победа од 1912 година, по која следува воспоставување српска окупаторска власт врз Вардарска Македонија и жесток српски

Димовски: На регионот му треба поблиско економско партнерство со ЕУ

Западниот Балкан треба да разгледува можности за поблиско економско интегрирање со Европската Унија, наместо целокупните очекувања да ги врзува за брзо политичко членство, оцени Илија Димовски во „Тема на денот“ на Сител.

Димовски: Политичката неизвесност во Србија е можност за македонската економија

Македонија треба активно да ги идентификува и да им пристапи на инвеститорите што поради политичката неизвесност во Србија би ги преиспитале своите планови, оцени поранешниот пратеник Илија Димовски во гостувањето во „Тема
Go toTop