Николоски: Илинден е доказ за вековната борба на македонскиот народ, а денес Македонија ја градиме со проекти, автопати и железници

August 2, 2026
1 min read

Од Крушево, градот-симбол на Илинден и македонската државност, заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски упати празнична порака по повод 2 Август – Илинден, нагласувајќи дека овој датум претставува симбол на вековната борба на македонскиот народ за слобода, самобитност и сопствена држава.

Тој истакна дека идеалите на илинденците денес се продолжуваат преку развојот и изградбата на современа Македонија, посочувајќи дека државата реализира најголем инвестициски циклус досега, со изградба на автопати, железничка инфраструктура и бројни проекти низ сите општини.

Во продолжение интегрален текст од изјавата на Николоски:

Втори август Илинден, денот на Илинденското востание и денот на Антифашистичкото собрание за народно ослободување на Македонија. Втори август – Илинден е доказ за борбата на македонскиот народ, за своја самобитност и за своја државност, идеал кој што почна да се гради некаде во 19. век преку преродбата, понатака двете македонски востанија, Кресненското и Разловечкото, ја имаше својата круна на Илинденското востание во 1903 година, понатака преку Антифашистичката борба во Втората светска војна и АСНОМ на 2.август 1944 година, и својата кулминација ја доживеа на 8. Септември 1991 година кога Македонија прогласи независност.

Овој политичко-правен континуитет е јасен доказ за борбата на македонскиот народ за своја држава и за своја самобитност. Денес Македонија ја градиме како модерна европска држава, денес Македонија се гради како никогаш претходно, нема дел од државата во којшто не се реализираат проекти, дали се тоа преку 1200 општински проекти, дали се големите инвестиции во железницата и автопатиштата.

Македонија во моментов како никогаш претходно гради 6 автопати, гради железница на Коридорот 8, а за брзо ќе почне и на Коридорот 10, Македонија ги развива своите аеродроми, целосно го реконструира и надградува охридскиот аеродром, расте скопскиот аеродром, со најголем раст од цела југоисточна Европа, и така ќе продолжиме да работиме и во периодот кој што е пред нас. Затоа што само инвестициите, само работата, ќе го зајакната темелот на македонската држава, ќе го постават темелот на македонскиот народ, и на сите кои што живеат во Македонија, онаму каде што му е местото, а тоа меѓу најразвиените европски нации.

Поклон кон жртвата на хероите, денеска треба да се сеќаваме на нив, како и секој друг ден и тие да ни се водилка за се’ она што го правиме за Македонија.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Коњановски од Трново: Да се вратиме дома и заедно да ја развиваме Македонија

Следно

Инфантино е веќе историја: Човекот на Трамп планирал да си даде плата од 30 милиони долари, плус бонуси!

Latest from Blog

Коњановски од Трново: Да се вратиме дома и заедно да ја развиваме Македонија

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, се обрати на 55. Семакедонска средба што традиционално се одржа во дворот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во потпелистерското село Трново, испраќајќи порака за единство,

Израелските одбранбени сили го ликвидирале водачот на ќелијата на Хамас, која го нападна Нир Оз на 7 октомври 2023

 Како што е осоопштено, терористот на Хамас, кој го нападна кибуцот Нир Оз во јужен Израел за време на нападот на 7 октомври 2023 година, е убиен во израелски напад врз јужниот

Мицкоски: Илинден е најсилниот доказ дека постојат народи кои можат да бидат окупирани, предавани, потценувани, но никогаш не можат да бидат покорени

Пелинце, 2 август – Илинден не е само датум, тој е и завет, но и карактер. Илинден е најсилниот доказ дека постојат народи кои можат да бидат окупирани, можат да бидат напаѓани, можат

Мицкоски: Илинден е најсилниот доказ дека постојат народи кои можат да бидат окупирани, предавани, потценувани, но никогаш не можат да бидат покорени

Пелинце, 2 август – Илинден не е само датум, тој е и завет, но и карактер. Илинден е најсилниот доказ дека постојат народи кои можат да бидат окупирани, можат да бидат напаѓани, можат
Go toTop