Николоски: 47 семејства во Дебар добиваат нов дом, продолжуваме со изградба на социјални станови

August 1, 2026
1 min read

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска во Дебар изјави дека е особено значаен моментот кога 47 семејства од најранливите категории добиваат можност да живеат во нови станови.

-Навистина е убав момент кога можеме да видиме 47 среќни семејства кои од денеска ќе имаат станови што ќе можат да ги користат во еден исклучително добро изграден објект тука во Дебар, изјави Николоски.

Тој посочи дека станува збор за лица од најранливите категории – деца без родители и родителска грижа, корисници на гарантирана минимална помош, лица погодени од елементарни непогоди, лица со попреченост и нивните семејства, како и самохрани родители со малолетни деца.

-Навистина зборуваме за најранливите категории и драго ми е што оваа политика продолжува. Еве тука во Дебар можеме да видиме среќни семејства кои ќе почнат да живеат во овие станови, додаде вицепремиерот.

Николоски информираше дека досега се доделени социјални станови и во други градови низ државата. Така, 29 станови се доделени во Велес, 32 во Кочани, 21 во Струмица и 19 во Гевгелија, додека во тек се постапки за нови станови во Пробиштип и Свети Николе.

Тој нагласи дека во соработка со Јавното претпријатие за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење на Републиката, во завршна фаза се и нови објекти во општина Бутел и Сарај, во тек е изградба во Прилеп, а планирана е и градба во Штип.

-Овие проекти ќе решат станбено прашање за голем број семејства и ќе продолжиме со оваа политика и во иднина, порача Николоски.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зеленски: Останавме без ресретнувачки ракети за „Патриот“

Следно

УЕФА не и простува на ФИФА: Добро е што планот пропадна,ова е победа на фудбалот, ама…!

Latest from Blog

УЕФА не и простува на ФИФА: Добро е што планот пропадна,ова е победа на фудбалот, ама…!

ФОТО: UEFA.COM Сега веќе е јасно дека и дефинитивно Џани Инфантино капитулираа, доживеаја тежок дебакл. Неговиот таен план да го продаде Светското првенство на приватни инвеститори беше откриен во последен момент и

Зеленски: Останавме без ресретнувачки ракети за „Патриот“

Претседателот Володимир Зеленски предупреди дека Украина останала без пресретнувачки ракети за своите системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ по уште еден голем руски напад во текот на ноќта, истакнувајќи дека била соборена само

Ѓорѓиевски: Градскиот парк го враќа својот сјај

Екипите на јавните претпријатија на Град Скопје го расчистија првиот дел од Градскиот парк од последиците на силното невреме што пред неколку дена го зафати Скопје. Засадени се нови садници, санирана е

Коњановски: „Илинденски денови“ ја претворија Битола во светска сцена на фолклорот

Со свечено доделување на признанија и награди за најуспешните фолклорни групи, културно-уметнички друштва, ансамбли и поединци, синоќа беше затворено 56. издание на Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ во

„И здравје и работа“: Нападите врз професорите се напад врз науката – Македонија мора да носи одлуки врз основа на знаење, а не на притисоци

Локалната иницијатива „И здравје и работа“ најостро ги осудува сè почестите јавни напади и обиди за дискредитација на универзитетските професори, геолозите, рударските инженери и другите стручни лица кои јавно ги презентираат научните
Go toTop