Никола Димитров нападнат: Додека пазарел, го удриле по грб

November 2, 2024
1 min read

Поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров објави на Фејсбук дека утрово, додека пазарел, бил нападнат од непознат човек, кој се однесувал агресивно и заканувачки.

Димитров пријавил инцидентот, сметајќи дека причината може да биде политичка, но нагласува дека јавните личности мора да толерираат критики. Сепак, реагирањето е неопходно кога критиката прераснува во агресија. Тој истакна дека е добро и дека случајот е пријавен, но посочи на проблемите во македонската демократија.

„Утрово додека нешто пазарев имав непријатна случка со човек кој ни го знам ни го познавам, а кој ме нападна со агресија и закани. Не знам точно зошто, оти не кажа, веројатно политички, а јас политички сум толку свој што може од сите страни да бил инспириран Шегата настрана, ние сме јавни личности, ние мораме да имаме повисок праг на толеранција на критика и да сме свесни дека не сите граѓани ќе ја почитуваат или ќе се задоволни од нашата работа. Но, во моментот кога таа критика е изблик на вербална или физичка агресија, мора да се реагира.
Должност е да се реагира. Затоа и случајот уредно го пријавив. Јас сум добро, самиот инцидент не сакам ни да го коментирам, си бркаат работа органите на редот, ама очигледно не е добра македонската демократија и тоа си заслужува коментар. Секојдневно гледаме како просто извира омраза од партиите, од ботовите, од медиумите… болно ни е општеството кога насилници и силеџии сред бел ден може да се закануваат и да се силат. Прочитав дека вчера група насилници дивееле и напаѓале среде Центар, на улица Македонија. Секојдневно има информации за тепачки, пресметки, па дури и убиства. По училиштата имаме страшни случаи на булинг и меѓуврсничко насилство. Вчера само какви вести имаше. Додека јас чекав во станица, две жени дојдоа извадени од памет, да пријават обид за грабнување на дете. Не знам како се разви случајот и што точно полицијата утврди, но самиот момент дека некој се сомнева оти детето пробале да му го грабнат сред бел ден зборува многу и беше крајно вознемирувачки да се сведочи на тоа. Во атмосфера на неказнивост и немање на ред страдаат сите граѓани. Дивеење, некултура, агресија… во сообраќај, по молови, во училишта, во болници… ова е недозволиво и итно мора да се стави крај. Одговорност и ред!
Мора да сме и подобри и позрели од ова, пријатели, инаку сите ќе се удавиме во примитивизам. Прашањето ќе биде само кој ќе биде прв“, вели Димитров.

Димитров беше министер за надворешни работи во поранешната Влада на СДСМ.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Европска комисија: Управните спорови се соочуваат со неразумни одложувања

Следно

ФОТО: Илјадници граѓани на местото на трагедијата палат свеќи, тројцата повредени се уште во критична состојба

Latest from Blog

Правните лица „Класик ДМ“ и „ММММ“ ја плаќале фирмарината за „Пулс“

На денешното рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, Дејан Рашков, раководител на општинскиот Сектор за финансии, изјави дека уплатите за лиценца и фирмарија не биле извршени директно од дискотеката, туку преку

Судење за „Пулс“: Општината алармирала за несоодветна намена на објектот

На денешното рочиште за случајот „Пулс“, сведокот Драги Илиевски изјави дека Општина Кочани реагирала за намената на објектот и побарала да се спречи негово користење како дискотека. Тој појасни дека објектот се

ЈКП Комуналец – Прилеп: Продолжуваат активностите за уредување на јавните површини

Екипите на ЈКП Комуналец Прилеп извршија поправка на оштетените куќарки во паркот кај Основниот суд Прилеп, еден од најпосетените паркови во градот. Станува збор за простор кој важи за едно од омилените

Борче Димитровски: ОУ „Даме Груев“ добива современи спортски игралишта

Со стартот на новата градежна сезона, започна реализацијата на уште еден значаен проект во Битола – изградба на спортски игралишта во дворот на ОУ „Даме Груев“. Како што информираше секретарот на Општина
Go toTop