Неверојатно: Томас Франк за осум месеци работа го чини Тотенхем 26 милиони евра!

February 14, 2026
1 min read
ФОТО: Tottenham Hotspur/FB

Отпуштањето на Томас Франк по само осум месеци на чело на Тотенхем стана исклучително скап потфат за лондонскиот клуб. Данскиот тренер ќе добие висока отштета од 8 милиони фунти (9,2 милиони евра), а според медиумите во неговата татковина, тој не планира да бара нов тим до крајот на оваа сезона.
Според данскиот печат, исплатената отштета е еквивалентна на едногодишната плата на Франк, иако тој отслужил само осум месеци од неговиот тригодишен договор. Неговиот престој во Тотенхем се покажа како исклучително скап, при што вкупните трошоци за клубот надминуваат 26 милиони евра. Оваа сума вклучува:
-11,5 милиони евра платени на Брентфорд за да го привлече.
-9,2 милиони евра отштета за предвремено раскинување на договорот.
-месечна плата од околу 750 илјади евра.

Одлуката за отпуштање на Франк дојде во среда, помалку од 12 часа по поразот од Њукасл на домашен терен со 1-2. Под негово водство, тимот падна на 16-то место во Премиер лигата, само пет бода над зоната за испаѓање. Црната серија од само две победи во последните 17 натпревари се покажа како одлучувачка за судбината на тренерот.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Подобрување на хигиената во Прилеп: ноќно чистење на главните сообраќајници

Следно

ЈКП Комуналец Прилеп ќе врши ноќно миење на главните сообраќајници

Latest from Blog

ВИДЕО: Македонија ќе продолжи да биде глас на разумот, порача премиерот Мицкоски по средбата со Зеленски

Премиерот на Република Македонија, Христија Мицкоски денеска на маргините на Минхенската безбедносна конференција која што се оддржува во Германија оствари средба со украинскиот претседател Влодимир Зеленски. -Во Минхен остварив средба со претседателот

Американскиот државен секретар Марко Рубио од Минхен повика на обнова на трансатлантското партнерство

Пленарна сала со светски лидери кои воздивнаа од олеснување – вака претседавачот на Минхенската безбедносна конференција го оцени говорот на американскиот државен секретар Марко Рубио кој порача дека САД и Европа припаѓаат
Go toTop