Нема укинување на вториот пензиски столб

July 31, 2026
1 min read

Нема најава за укинување на вториот пензиски столб, уверува премиерот Христијан Мицкоски, откако во јавноста се појавија низа прашања по најавите дека започнале сеопфатни анализи на пензискиот систем и ризиците со вториот пензиски столб.

„Кој најавил дека ќе се укине вториот столб? – Јас можам да зборувам од името на Владата. Таква најава од името на Владата нема“, рече премиерот Христијан Мицкоски.

Во изминатиот период, владините претставници најавуваат реформи на пензискиот систем, но засега не се знае во која насока ќе се делува. Променетите услови од воведувањето на вториот столб до денес ја изнудија потребата за негово преиспитување, а веќе се прават анализи кои ќе покажат што понатаму.

Минатиот месец, Државниот завод за ревизија во својот извештај укажа на тоа дека ПИОМ не ги префрла редовно парите во вториот пензиски фонд, иако има законски рокови во кои треба да се извршат трансакциите.

Стареењето на населението и иселувањето на младите се меѓу клучните фактори што придонесуваат за дисбаланс на пензискиот систем. За да е одржлив, потребен е сооднос од тројца вработени наспроти еден пензионер. Кај нас соодносот е 1,6 вработени на еден пензионер. Според тоа, уплатите за пензиско се многу помали од исплатите за пензионерите, а тоа континуирано го зголемува буџетскиот дефицит.

Од Асоцијацијата на друштва за управување со пензиски фондови (АДПФ) рекоа дека не е невозможно да се национализира вториот пензиски фонд, но тоа е веројатно најмалку посакувана реформа, бидејќи само краткорочно ќе ги реши проблемите, односно ќе го покрие дефицитот за најмногу три години, а потоа, одново ќе се јави дисбалансот меѓу помалите уплати од страна на работниците наспроти поголемиот вкупен износ за исплати на пензии.

Состојбата се очекува да се подобри во текот на следната деценија, кога значително ќе се зголеми бројот на пензионери од задолжителниот двостолбен систем.

„Во моментот кога ќе дојде време да се исплаќаат паралелно пензии и од првиот и од вториот столб, обврската за исплата на пензии некаде половина од износот ќе падне на терет на вториот столб. Државниот фонд на ПИОМ и понатаму ќе продолжи да задржува повеќе од две третини од вкупниот придонес за пензиско и инвалидско осигурување. На тој начин, поголем износ на придонеси во првиот столб, а поделена обврска за исплата на пензиите, значи дека низ годините постепено ќе се избалансираат приходите и расходите на ПИОМ и ќе дојдеме до состојба на негова одржливост. Тоа е целта на реформата“, вели Маријан Николовски, претседател на Асоцијација на друштва за управување со пензиски фондови.

И експертите посочуваат дека е неопходна ревизија на пензискиот систем. Според нив, можни се повеќе решенија, но треба да се одбере тоа кое најмалку ќе ја чини државата, а при тоа максимално ќе ги заштити граѓаните.

Извор: zurnal.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Чешка има нов селектор

Следно

ИТАЛИЈА ГО СУСПЕНДИРАШЕ ШЕНГЕН СИСТЕМОТ НА СЛОБОДНО ДВИЖЕЊЕ СО ШПАНИЈА

Latest from Blog

ИТАЛИЈА ГО СУСПЕНДИРАШЕ ШЕНГЕН СИСТЕМОТ НА СЛОБОДНО ДВИЖЕЊЕ СО ШПАНИЈА

Италијанската влада ја суспендираше примената на Шенгенскиот режим на слободно движење во односите со Шпанија, објави италијанското Министерство за внатрешни работи. Одлуката е донесена како одговор на масовниот влез на мигранти во

Чешка има нов селектор

Репрезентацијата на Чешка, по слабиот настап на годинешниот Мундијал, реши да постави нов селектор. Чесите за прв пат во историјата ќе имаат странец на кормилото на фудбалската репрезентација. Се работи за шпанскиот

Најмалку 34 загинати во експлозија на метан во рудник во Пакистан (ВИДЕО)

Спасувачките операции се во тек за пронаоѓање и извлекување на уште двајца рудари кои беа заробени под земја, изјави Мухамед Фахад, директор за операции на покраинската управа за управување со катастрофи. Покраинскиот

Сали: Соработката со Турција продолжува да ги зајакнува институционалните капацитети и процесот на европска интеграција

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, се обрати на отворањето на Програмата за обука за управување со проектен циклус во рамките на иницијативата IPABRIDGE, која се одржува
Go toTop