Наставата во училиштето „Владислав Рибникар“ ќе може да ја следат само децата чии родители изразиле желба за тоа

May 22, 2023
1 min read

Ова е една од одлуките, кои во форма на препораки ги донесе Министерството за образование на Србија, откако денеска дел од учениците од ова белградско училиште повторно се вратија на настава по масовното убиство што се случи на 3 мај

Наставата до крајот на учебната година во ОУ„Владислав Рибникар“ во Белград, каде што пред дваесетина дена се случи масовно убиство, ќе може да ја следат само учениците чии родители изразиле желба за тоа. Притоа, секој родител ќе може да ја промени својата одлука во согласност со моменталните чувства на своето дете.

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Ова се дел од препораките за организација на воспитно-образовниот процес во ова училиште до крајот на тековната учебна година кои денеска ги донесе Министерството за образование на Србија.

Во соопштението на Министерството, како што пренесуваат српските медиуми, се наведува и дека „на секое дете, кое не се чувствува подготвено да посетува настава и кому му е потребна поддршка, истата ќе му биде пружана од страна на стручни лица“.

Покрај ова, од Министерството најавија дека подготвуваат предлог за посебен модел на запишување во средно училиште за учениците од осмо одделение од ова училиште, кој најпрво ќе биде претставен пред родителите.

Во соопштението се наведува дека препораките за понтамошното одржување на наставата е донесена во договор со Советот на родители на училиштето, Работната група за поддршка на менталното здравје и безбедноста на младите и Педагошкиот колегиум на училиштето.

Претходно, претставничка од српското Министерство за образование, Снежана Вуковиќ, информира дека од денеска, 22 мај, продолжила наставата во ОУ „Владислав Рибникар“ каде што на 3 мај годинава се случи масовно убиство во кое загинаа девет ученици и чуварот на училиштето.

Таа кажа оти децата немаат задолжителна обврска да се вратат на настава со физичко присуство.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кремљ: Украина сака да го сврти вниманието од загубата на Бахмут

Следно

Анчелоти: Ла Лига има проблеми со расизмот

Latest from Blog

Божиновска: Енергетската заедница го потврди напредокот на Македонија во обновливата енергија

Раст на обновливите извори во електроенергетскиот сектор и поволна траекторија кај финалната потрошувачка, со јасно дефинирани мерки за декарбонизација во ажурираниот НПЕК 2025–2030 Последната оценка на Секретаријатот на Енергетската заедница покажува силен

Ветер во грбот на Путин, ЕДИНСТВЕНА РУСИЈА освои 349 мандати

Централната изборна комисија (ЦИК) на Русија ги соопшти конечните резултати од изборите за Државната дума од деветтиот сазив, на кои гласале повеќе од 59,8 отсто од избирачите, односно 67.448.094 граѓани, јавуваат руските

Коњановски во „Cosmic Development“: Битола има млади луѓе кои успешно градат кариера во ИТ секторот

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, ја посети компанијата „Cosmic Development“, каде што оствари средба со раководниот тим и дел од вработените. Коњановски по посетата истакна дека бил пријатно изненаден од посветеноста на
Go toTop