Напад во Доњецк: Во воените напади едно лице загина, а 25 се ранети

March 27, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку едно лице загина, а 25 се повредени во ракетните напади денес во областа Доњецк во Источна Украина, изјави гувернерот Павло Кириленко, јавува Анадолу.

„Најмалку едно лице загина, а 25 се повредени, уништени се административни и деловни згради. Ова се последиците од денешното гранатирање на Славјанск“, вели Кириленко во пораката на Телеграм.

Тој посочи дека две руски ракети го погодиле центарот на градот Славјанск околу 10:30 часот по локално време, додека други две погодиле дом за сираци во градот Дружкивка.

„Според прелиминарните информации, во моментов нема жртви во Дружкивка“, рече Кириленко.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави дека сите што се вклучени во ракетните напади „ќе сносат одговорност“.

Од почетокот на војната во Украина загинаа 8.317 цивили, а 13.892 се ранети.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Туркије: Шестмина загинати во сообраќајна несреќа во Истанбул

Следно

Пожар во подземна гаража, изгореа два автомобили во Скопје

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop