Најмалку шестмина загинати во пожар во хостел во Нов Зеланд

May 16, 2023
1 min read

Пожарникарите побараа локалното население да носи заштитни маски на лицето и да не ги отвора прозорците за да не се вдишува чад бидејќи дел од градежниот материјал во објектот што изгорен содржел азбест

Фото: EPA-EFE/MASANORI UDAGAWA AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Најмалку шест лица загинаа, а други се водат за исчезнати по пожар што се случи во хостел во Нов Зеланд.

Кровот на објектот се срушил поради што се стравува дека бројот на жртви може и да се зголеми.

Пожарот се случил синоќа по полноќ по локално време во градот Велингтон. Во акцијата на спасувачките екипи биле спасени најмалку пет лица, а едно завршило со сериозни повреди бидејќи за да избега од пламените јазици скокнало од третиот кат.

Кога пожарникарите пристигнале на местото на настанот, горниот дел од зградата веќе бил во пламен. Во текот на ноќта биле ангажирани најмалку 20 противпожарни возила за гаснење, а командантот на пожарникарите, Ник Пјат, го опиша случајот како „најлошиот кошмар“ што го имал Велингтон.

Пјат повика локалното население да носи заштитни маски на лицето и да не ги отвора прозорците за да не се вдишува чад бидејќи дел од градежниот материјал во објектот што изгорен содржел азбест.

Хостелот содржи 92 соби, а од 2011 година со одлука на Министерството за социјален развој на Нов Зеланд е прогласен за давател на итни сместувачки капацитети.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган: Ја почитуваме волјата на народот покажана на изборите

Следно

ОН најавија нови преговори за продолжување на Договорот за извоз на жито преку Црно Море

Latest from Blog

Џенифер Гарнер прв пат јавно проговори за разводот од Бен Афлек

Иако се разделија во 2015 година, а разводот беше финализиран во 2018 година, нивната приказна продолжува да ја интригира јавноста, пишува списанието Hello!. Најтешкиот удар не беше медиумскиот притисок Во интервју за

Масовни протести низ Иран, исклучен интернетот во земјата – Трамп се закани на режимот

Масовни антивладини протести се одржуваат низ целиот Иран вечерва, вклучително и во главниот град Техеран. Ова е 12-та ноќ по ред како демонстрантите излегуваат на улиците, во бран немири предизвикани од тешката
Go toTop