Наградената новинарка Моири: „Istanbul Photo Awards“ е еден од добрите натпревари за новинари

September 23, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – „Istanbul Photo Awards“ е „еден од добрите“ натпревари што има големо значење, глобално, за новинарите, рече иранската фоторепортерка Јалда Моири која победи на годинашниот натпревар, јавува Анадолу.

„Ова е многу важен натпревар низ целиот свет, особено за иранските фотографи. Ова е еден од добрите натпревари за фоторепортерите на Блискиот Исток“, рече Јалда Моири, добитничка на третата награда во категоријата Портрет на сторија на меѓународниот натпревар за новинска фотографија организиран од Анадолу.

Споделувајќи го за Анадолу своето патешествие до станувањето фоторепортер, по победата на десеттото годишно издание, Моири рече дека преку својот објектив сака да му ги покаже на светот „болката и тагата на сите луѓе во светот“.

Таа истакна дека отсекогаш се трудела да покрива приказни што имаат влијание низ целиот свет.

„Мојата приказна беше локална приказна, но има општ поглед за сите луѓе насекаде низ светот“, рече таа, додавајќи дека некако нејзината локална приказна се претворила во „светска приказна“.

Како новинарка, рече таа, секогаш се трудела да се фокусира на проблемите со кои се соочуваат жените во светот преку нејзините фотографии.

„Како фоторепортерка сакам да се фокусирам на нивните приказни. Можеби е поради полот, нивната болка е моја болка. Сакам да му ги покажам на светот нивните проблеми“, рече таа.

Моири истакна дека има жени фоторепортери низ светот што сакаат да им покажат на луѓето „колку проблеми имаат жените насекаде во светот“.

– „Istanbul Photo Awards“ –

Десетгодишнината од „Istanbul Photo Awards“, организирана од турската меѓународна новинска агенција Анадолу, е натпревар за фоторепортери од целиот свет, место за споделување на нивните фотографии со светот.

Натпреварот, кој оценува единечни и серија фотографии во категориите вести, спорт, животна средина, портрет и од секојдневниот живот, доби над 20.000 апликации оваа година.

Вкупно 32 фотографи се наградени во 10 категории.

Оваа година натпреварот беше спонзориран од „Турксел“ како комуникациски спонзор, „Сони“ како спонзор на натпреварот, Турската агенција за соработка и координација беше спонзор на настаните во странство и „Туркиш ерлајнс“ како авиокомпанија спонзор.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во израелските напади врз Газа убиени уште 24 Палестинци, билансот порасна на 41.455

Следно

Средба Муцунски – Герапетритис во Њујорк

Latest from Blog

Критичните суровини стануваат европски приоритет, потребни се нови инвестиции и модерно рударство

Европската Унија ја засилува финансиската поддршка за обезбедување критични суровини, препознавајќи ги како основа за идниот индустриски, енергетски и безбедносен развој на континентот. Како дел од измените на буџетот за периодот 2028–2034

Николоски во Виена: Економската соработка и стратешките инфраструктурни проекти во фокусот на 23. Виенски економски форум

Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски e во работа посета на Виена, Австрија, каде учествува на 23-от Виенски економски форум. Оваа година Виенскиот економски форум се реализира под мотото “ Виенски дијалог

Проданоски: Граѓани и волонтери се обединија во акција за позелен Прилеп

Околу 500 садници беа засадени во близина на манастирот „Св. Димитриј“ кај прилепското село Селце, во акција организирана од Здружението „Сина револуција“, со поддршка од компанијата „Бехтел ЕНКА“. Во акцијата, организирана по

И ЗДРАВЈЕ И РАБОТА: Македонија не смее да остане надвор од европските и светските процеси за развој на современо и одговорно рударство

Активирањето на домашните минерални потенцијали е можност за нови инвестиции, работни места, развој на домашните компании и технолошка модернизација на македонското рударство Светот влегува во нова фаза на развој на рударскиот сектор.

Скопје во центарот на регионалната енергетска соработка – прв форум посветен на зелената транзиција и жените во енергетиката

На 25 ноември 2026 година, Скопје ќе биде во центарот на регионалниот дијалог за иднината на енергетиката. Во хотелот „Александар Палас“ ќе се одржи Првиот форум за енергетска дипломатија „Обновливи извори и
Go toTop