Над Северна Америка соборен уште еден неидентификуван летечки објект

February 12, 2023
1 min read

Неидентификуваниот летечки објект кој денеска беше соборен над езерото Хјурон е трет ваков објект кој е соборен од страна на американските борбени сили во рок од една недела. Минатиот викенд САД соборија кинески балон над нивните територијални води кај Јужна Каролина, но засега нема индикации дека неидентификуваните објекти имаат каква било поврзаност со кинескиот надзорен балон

Со американски борбен авион Ф-16 денеска е соборен третиот по ред неидентификуван летечки објект кој се појавува во северноамериканскиот воздушен простор. Објектот е соборен во близина на езетото Хјурон.

Пентагон потврди дека соборил воздушен објект над езерото, притоа додавајќи дека тој не е оценет како воена закана, но дека се перцепира како закана поради неговите потенцијални способности за надзор.

„Нашиот тим сега ќе работи на враќање на објектот во обид да дознае повеќе“,

се вели во соопштението на Пентагон.

Пентагон, исто така, рече дека објектот бил истиот што радарот го забележал во саботата над сојузната држава Монтана, што предизвика краткотрајно затворање на воздушниот простор над неа.

„Северноамериканската команда за воздушна одбрана го откри објектот во неделата наутро и одржува визуелно и радарско следење на него. Врз основа на неговата патека на летот и податоците, можеме разумно да го поврземе овој објект со радарскиот сигнал фатен над Монтана“,

се вели во соопштението.

Во неделата, американската Управа за цивилно воздухопловство (ФАА) соопшти дека накратко е затворен дел од воздушниот простор над езерото Мичиген поради активностите на Министерството за одбрана, но потоа е повторно отворен.

Неидентификуваниот летечки објект кој денеска беше соборен над езерото Хјурон е трет ваков објект кој е соборен од страна на американските борбени сили во рок од една недела.

Во саботата таков неидентификуван објект беше соборен над северна Канада. 

Во петокот, пак, неидентификуван објект беше соборен во воздушниот простор на Алјаска.

Минатиот викенд САД соборија кинески балон над нивните територијални води кај Јужна Каролина. Засега нема индикации дека неидентификуваните објекти имаат каква било поврзаност со кинескиот надзорен балон.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

АВМУ: Радиодифузерите утре да ја прилагодат програмата со денот на жалост

Следно

Халанд е неизвесен за клучниот меч во Премиерлигата

Latest from Blog

Коњановски за „Алта банка“: Ги следиме насоките на Народната банка и интересите на граѓаните

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, ги објави состојбите на сметките на јавните претпријатија во „Алта банка“, по барањето на дел од советниците за свикување вонредна седница. Тој порача дека, според досегашните информации,

Божиновска: Силните партнерства со Германија отвораат нови економски можности

Продлабочувањето на економската соработка и привлекувањето нови инвестиции беа во фокусот на средбите во Германија, на кои министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше како дел од владината делегација

Проданоски: Со свечена седница и признанија го одбележавме ослободувањето на Прилеп

Со свечена седница на Советот на Општина Прилеп во НУЦК „Марко Цепенков“ беше одбележан 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот. На свеченоста беа доделени традиционалните третоноемвриски награди и признанија, а

Коњановски: Честит 4 Ноември – со благодарност кон борците ја славиме слободата на Битола

Со положување свежо цвеќе пред спомен-обележјата на борците, Битола денеска одбележува 82 години од ослободувањето на градот на 4 ноември 1944 година. Почит беше оддадена пред Споменикот на НОАВМ кај Центарот за
Go toTop