На церемонија во Истанбул претставена платформата за дигитални вести ТРТ Африка

March 31, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Во Истанбул, Туркије, се одржа првиот самит на Радиодифузната унија ТРТ – Африка, и свечена церемонија на која е претставена ТРТ Африка, новата платформа за дигитални вести на турскиот јавен сервис ТРТ, јавува Анадолу.

Платформата ќе функционира во согласност со целите на ТРТ за непристрасно новинарство и на светската јавност ќе ѝ презентира приказни од вториот најнаселен континент во светот.

Платформата ТРТ Африка ќе биде достапна на четири јазици: свахили, англиски, хауса и француски.

ТРТ Африка е најновиот член на семејството на ТРТ, кое ги вклучува ТРТ Ворлд, ТРТ Арабик, ТРТ Рашан, ТРТ Дојч, ТРТ Франсе и ТРТ Балкан.

На церемонијата присуствуваа голем број турски и странски претставници, меѓу кои и шефот на Канцеларијата за комуникации при Кабинетот на претседателот на Туркије, Фахретин Алтун, генералниот директор на ТРТ, Мехмет Захид Собаџи, и извршниот директор на Африканската радиодифузна унија (AUB), Грегоир Нџака.

Алтун во своето обраќање пред присутните особено го нагласи значењето на борбата против дезинформациите.

„Со оглед на тоа што сите опасни групи, од глобалните банди до терористичките организации, се сè повидливи и дека нашите држави се сè повеќе изложени на систематски дезинформации, кои се една од најчесто користените алатки на таквите структури, мораме заедно да креираме поле на отпор против тие структури и нивните систематски обиди за дезинформирање на јавноста“, рече Алтун.

Изрази надеж дека програмата во Истанбул дополнително ќе ги продлабочи односите меѓу Туркије и африканските земји и ќе ги зголеми можностите за соработка.

Алтун додаде дека Туркије под водство на претседателот Реџеп Таип Ердоган во последните 20 години презеде многу важни чекори во развојот на пријателството и соработката со африканските држави.

Како што истакна, односите на Туркије со африканските држави се засновани на принципите на меѓусебно разбирање, доверба и рамноправно партнерство.

Генералниот директор на ТРТ, Собаџи, изјави дека ТРТ со бројни содржини и понатаму ќе ја одржува позицијата на еден од најважните глобални медиумски актери.

Истакна дека платформата за дигитални вести ТРТ Африка е најновото достигнување на оваа медиумска куќа кон Африка.

„ТРТ во денешниот глобален комуникациски систем, во кој се испреплетени вистината и лагата, реалноста и илузијата, врз основа на принципот на правичност, каде во фокусот е човекот, пренесува вести на седум континенти во светот, на 41 јазик и дијалект“, рече Собаџи и додаде:

„Ние разговараме рамноправно со нашите африкански пријатели и деловни партнери. Посебно би го истакнал следново, ТРТ Африка настана како резултат на конструктивниот и пријателски пристап на Туркије кон Африка во медиумскиот сектор, за разлика од Западот.“

Тродневниот самит на Радиодифузната унија ТРТ – Африка започна на 30 март.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кипар укинува голем дел од Ковид мерките

Следно

Путин ги разреши руските амбасадори во Естонија и Латвија

Latest from Blog

Силни торнада ги подогија САД- загинаа најмалку четири лица, десетици се повредени (ВИДЕО)

Недолго откако Националната метеоролошка служба издаде предупредувања за торнада за областа, на социјалните мрежи беа објавени видеа од Три Риверс и Јунион Сити на кои се гледаат екстремно силни ветрови како креваат

Започна изградбата на новиот кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје

На Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје денес започна изградбата на новиот универзитетски кампус – инфраструктурен комплекс со модерни услови за наставно – научна дејност и за опфат на поголем број студенти. На

Има доволно нафта и нафтени деривати, граѓаните да бидат спокојни

Има доволо нафта и нафтени деривати, граѓаните треба да бидат спокојни, а Владата веднаш ќе интервенира ако има драматичен скок на цената, порача денеска премиерот Христијан Мискоски. Одговорајќи на новинарски прашања по

Анте Будимир ја спаси Осасуна од пораз (ВИДЕО)

Во првиот денешен дуел од Примера програмата екипите на Осасуна и Мајорка одиграа супер интересно реми со конечни 2:2. Серијата голови стартуваше во 35. минута кога Ведат Муричи ги доведе гостите во
Go toTop