На точно 100 дена пред почетокот на Мундијалот, ФИФА го претстави официјалниот постер за претстојното Светско првенство.
„Ова е последното парче од колекцијата постери за глобалното фудбалско натпреварување. Денес се навршуваат 100 дена до почетокот на Светското првенство во 2026 година, кога Канада, Мексико и Соединетите Американски Држави го пречекуваат светот на најголемата претстава на земјата. Постерот го слави автентичниот дух, ентузијазмот и единството на овој иконски глобален настан“, соопшти ФИФА.
Постерот содржи композиција во стилот на колаж, со играч во центарот, што ја одразува единствената способност на фудбалот да го обедини светот. Ова е последниот постер од колекцијата постери за Светското првенство во 2026 година, со што се комплетираат 16-те официјални постери на градовите домаќини објавени минатата година. За првпат во историјата на Светското првенство, три уметници соработуваа за да го создадат официјалниот постер за турнирот. Канаѓанецот Карсон Тинг, мексиканката Минерва Г.М. и Американецот Хенк Вилис Томас ги комбинираа своите таленти и стилови за да создадат дело што ја истакнува поврзаноста и единството во рамките на турнирот.
Извор: vecer.mk


