МЖСПП: Го поддржуваме Сојузот на извидници во активностите за ревитализација на опожарените шуми

March 10, 2023
1 min read

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) соопшти дека со потпишување Меморандум за соработка ја потврдува поддршката на активноститe за едукација и заштита на животната средина, опфатени во иницијативата на Сојузот на извидници на Македонија, наречена „Боренка“.

– Министерката Шукова изрази задоволство што со овој Меморандум ќе се зацврсти досегашната соработка помеѓу МЖСПП и Сојузот на извидници на Македонија, додавајќи дека верува во силата на младите извидници, нивната љубов кон природата и подготвеноста за да ја зачуваат животната средина. Примерот што го дава оваа организација како една од најмасовните младински организации има моќ да иницира позитивна промена која ќе го поттикне развојот на младите, ќе придонесе во развојот на граѓанскиот волонтерски ангажман, подигнување на јавна свест за заштитата на шумите со еколошки пристап и ќе го олесни заедничкото креирање на планови и младински политики во Република Северна Македонија, соопшти МЖСПП.

„Боренка“ e волонтерска иницијатива за пошумување на опожарени подрачја што ја спроведуваат извидниците во партнерство со ЈП „Национални шуми“ и со поддршка од Амбасада на САД.

Како што наведува МЖСПП, активностите од „Боренка“ се реализираат преку два работни пакета: неформално образование за деца и млади во училишта и младински организации, каде со користење на т.н. боренки – моливи направени од јаглен од изгорени дрвја секој има можност да нацрта свое дрво и да го „засади“ во виртуелна шума на www.borenka.mk. Вториот работен пакет е за секое нацртано дрво, волонтерите на „Борeнка“ садат вистински расад на опожарена земја т.е. пошумување на опожарените површини.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Напаѓачот во Хамбург бил поранешен Јеховин сведок

Следно

Хорор во Србија: Татко во Ниш обвинет дека си ја силувал ќерката, таа забременила и родила девојче

Latest from Blog

Лацио славеше и во Удине за “три од три“

ФОТО:facebook.com/UdineseCalcio1896/ Три натпревари, три победи за Лацио. Екипата од Рим славеше во Удине против Удинезе, и по голем пресврт, беше 1:2 (0:0). Поради исклучителната физичка подготовка на екипата на Џенар Гатузо, тие

Пентагон во август собориле околу 100 дрона на јужната граница на САД- нарко картелите се закануваат

Американската војска даде редок увид во своите операции на јужната граница, откривајќи дека само во август соборила „приближно 100“ дронови за кои се сомнева дека им припаѓаат на картели, потврди за „Фокс

Од „Камп Ноу“ до третата лига во ОАЕ: Кристијан Тељо оди во пензија

Поранешниот крилен напаѓач на Барселона, Кристијан Тељо, на 35-годишна возраст објави дека става крај на професионалната кариера. Шпанецот одигра 512 натпревари во шест различни земји, а најдобрите години ги помина во Барселона,

Трамп ги претстави униформите на вселенските сили на САД- копија од „Војна на ѕвездите“ (ФОТО)

Најновата гранка на американската војска беше предмет на потсмев поради своите футуристички униформи. Сепак, многумина беа изненадени кога Трамп најави нова „Униформа за формална служба“ за воената гранка, наречена „Следна генерација“, што
Go toTop