МВР: Локализирани пожарите во Кривогаштани и Сарај, фрлени над 45 тони вода

August 23, 2023
1 min read

реклама



Хеликоптер од типот „Белл 212“ денеска делуваше во 45 налети и исфрли 40 тони вода во гаснењето на пожарот во општина Кривогаштани. Заедно со пожарникари од ТППЕ Кривогаштани, Прилеп и Крушево пожарот е ставен целосно под контрола, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Одделот за воздухопловни единици на МВР по добиено барање од Центарот за управување со кризи (ЦУК) за гаснење пожар што избил денеска, околу 14:00 часот, на територија на општина Кривогаштани, меѓу селата Подвис и Годивје, го упатил хеликоптерот.

реклама

Од МВР информираат дека Одделот за воздухопловни единици исто така по пријавен пожар од страна на ЦУК во Општина Сарај, кај село Љубин, интервенираше со хеликоптер од типот „Ми-171“.

  • Во два наврати прецизно исфрли 5 тони вода и заедно со „Ер тракторите“ на ДЗС помогна во целосно гаснење на пожарот, се наведува во соопштението од МВР.

реклама



VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Русија: 10 загинати во авионска несреќа меѓу кои и шефот на „Вагнер“, Пригожин

Следно

ТАСС: Евгениј Пригожин бил во урнатиот авион

Latest from Blog

Коњановски: Поголема улога на компаниите во развојот и општествениот живот на Битола

Иницијативата за формирање „Бизнис клуб Битола“, поддршката за Клиничката болница и поголемото вклучување на компаниите во активности од општествен интерес беа теми на работниот состанок на Регионалната комора со седиште во Битола.

Славески: Од следната недела до 15.000 денари неделно за подигање готовина од „АЛТА банка“

Од следната недела, неделниот лимит за подигање готовина и плаќање со картичките на „АЛТА банка“ АД Битола ќе се зголеми од 10.000 на 15.000 денари, најави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Проданоски: По половина век се обновува патот за Веселчани и Загорани

Се рехабилитираат три километри од локалниот пат што ги поврзува Веселчани и Загорани со регионалниот пат Прилеп – Битола, соопшти градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според Проданоски, делницата се обновува по 50

Битола петта година ги вклучува граѓаните во планирањето на општинскиот буџет

Жителите на Битола и околните населени места ги изнесоа своите предлози за општинскиот буџет за 2027 година на втората сесија од Буџетскиот форум. Меѓу темите беа инвестициите во Старата чаршија, санацијата на

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт
Go toTop