МВР им поднесе кривична пријава на внуците на Али Ахмети, Дрин Ахмети и Бесијан Ахмети

July 22, 2024
1 min read

МВР поднесе кривична пријава против внуците на Али Ахмети, Дрин Ахмети и Бесиан Ахмети поради сомнежи за злоупотреба на концесијата за рудник кај Кичево.

Освен Дрин Ахмети, кој е управител на компанијата од Кичево од 2017 до сега, со пријавата за „злоупотреба на службена положба и овластување“ опфатен е и неговиот брат Бесиан Ахмети, кој бил управител на фирмата од 2008 до 2017 година.

– Во период од 2016 година до 2023 година кривично пријавените постапиле спротивно на Закон за минерaлни суровини и договорот за концесија за експлоатација на локалитет во општина Зајас, склучен меѓу правното лице и владата, претставувана од страна на тогашниот министер за економија. Истите биле должни да плаќаат точно утврден годишен надоместок за користење на просторот кој бил доделен со концесија за експлоатација и надоместок за експлоатирана количина на минерална суровина, и како потписници на сметка на правниот субјект исплатиле помалку концесиски надоместоци во вкупен износ од 1,6 милиони денари, при што предизвикале штета и на буџетот., соопштија од МВР.

Пријави за несовесно работење има и за неколку вработени во Министерството за економија кои биле должни да вршат надзор на концесијата.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Камала Харис не е дорасната за таква функција

Следно

Републиканците побараа оставка од Бајден по неговото излегување од изборната трка

Latest from Blog

Тоневски: Пробиштип со „Зелникот на баба“ стана центар на вкусот и македонската култура

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, информираше дека манифестацијата „Зелникот на баба“ годинава ги надминала сите очекувања, привлекувајќи повеќе од 8.000 посетители. Според него, мирисот на тазе печен зелник и звукот на

Меџити: Фитр Бајрам носи порака за мир, солидарност и хармонија

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, присуствуваше на традиционалната прослава на Фитр Бајрам, организирана од Исламска верска заедница, по покана на Реисул Улема, Х. Хфз. Шаќир еф. Фетаи. „Вечерва го прославивме Фитр

Стоилковски: И покрај фаталните грешки, лекцијата во СДС не е научена

На телевизија Алфа во емисијата „Вечерното шоу на Богдан Илиевски“ гостуваше Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ кој дискутираше за евроинтегративниот пат на Македонија и блокадите од страна на Бугарија, се вели во соопштението
Go toTop