МВР: 125 санкции за брзо возење

January 4, 2023
1 min read

Во текот на вчерашниот ден (03.01.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 125 возачи.

Од нив две возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 68 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 57 надвор од населено место.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информира МВР.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЕСА и НАСА предупредуваат: Опасност од голема соларна бура до крајот на неделата, ќе предизвика хаос на Земјата

Следно

Oбид за внесување мобилни телефони во штипскиот затвор

Latest from Blog

Швајцарија ги менува правилата за извоз на оружје, пензискиот ДДВ не доби поддршка, ниту оданочувањето на брачните двојки

Швајцарците на денешниот референдум со тесно мнозинство го поддржаа ублажувањето на прописите за извоз на оружје, покажуваат првичните проекции објавени по затворањето на избирачките места, пренесува швајцарската телевизија СРФ. Според проекциите на

ВМРО-ДПМНЕ го осуди сквернавењето на македонското знаме во Гостивар

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува симнувањето и сквернавењето на македонското знаме во Гостивар. Македонското знаме е државен симбол и секое негово непочитување треба да биде веднаш санкционирано, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ

Пожар избувна во рафинерија на компанијата „Шеврон“ близу аеродромот во Лос Анџелес- причината е силен земјотрес

Градот Ел Сегундо соопшти дека рафинеријата спровела безбедносно палење на вишокот гас, што е стандардна процедура за време на прекини во производството, вклучително и земјотреси, објави „Калифорнија пост“. Во инцидентот не се
Go toTop