Муцунски: Здраво е ДУИ да замине во опозиција

January 20, 2023
2 mins read

Потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат рече дека не е изненадувачки ако пратеници на владејачкото мнозинство се под притисоци на полукриминални и бандитски групи, како што вчера и денеска тврди лидерот на партијата, Христијан Мицкоски

Информациите за контакти меѓу Мицкоски и Заев за договарање заедничка влада на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ без ДУИ, Муцунски ги смести во сферата на политичките шпекулации, но, сепак, рече оти е здраво ДУИ да замине во опозиција

Имаме информации дека одредени пратеници од постоечкото парламентарно мнозинство сериозно размислуваат за своите позиции во функционирањето на мнозинството. Ова во интервју за емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат го кажа потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски.

Прашан за изјавите на лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, од вчера и денеска за притисоци врз тие пратеници од, како што изјави Мицкоски, полукриминални и бандитски групи, Муцунски рече дека не е за изненадување доколку вакво нешто навистина се случило.

Тимчо Муцунски – потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

„Веќе имаме шеста година владеење на Влада на ДУИ поддржана од СДСМ, Влада која во повеќе наврати покажала дека знае да користи вакви методи за постигнување на нејзините цели односно заштитата на криминалот и корупцијата. Видовме каков беше праспанскиот процес, се сеќаваме на случувањата со новоформираното мнозинство што постоеше, па наеднаш еден пратеник тотално исчезна, така што не е за изненадување доколку вакво нешто навистина се случило и во моментот на терен бидејќи, за жал, тоа е начинот на кој функционира веќе шест години ДУИ поддржана од СДСМ“,

рече Муцунски.

На прашањето дали изјавите на Мицкоски не се само алиби зашто не се остварува тоа што тој го најавуваше – распуштање на парламентот до почетокот на февруари и одржување предвремени избори во мај, Муцунски одговори дека Мицкоски секогаш ја оставал отворена и другата опција односно што ако не се случи тоа.

Од гостувањето на Тимчо Муцунски во емисијата „360 степени“

„Она што можам да го констатирам по претходната пракса е дека при постоење на неколку вакви пратеници верувам дека притисоците се огромни, тешко е да се предвиди тие луѓе како ќе постапуваат, но тоа што исто можеме да го констатираме е дека има повеќе јавни изјави и во рамките на ДУИ и во рамките на пратеничката група на СДСМ кои упатуваат на тоа дека во тие партии постојат сериозни проблеми, сериозни несогласувања и сериозно различни размислувања во однос на начинот на кој оваа постоечка влада ја движи Република Македонија“,

вели тој.

Муцунски рече дека во партијата не се разговарало за контакти на Мицкоски со екс-лидерот на СДСМ и поранешен премиер Зоран Заев за договарање заедничка влада на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

„Мислам дека тоа е во сферата на политичките шпекулации во овој момент, но тоа што би кажал е дека сме информирани во рамките на комуникацијата што, пред сè, постои во Собранието на Република Македонија дека во рамките на самото парламентарно мнозинство има сериозна недоверба во однос на начинот на кој се движи државата“,

смета Муцунски.

Прашан што тој лично мисли за идејата за заедничка влада на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Муцунски рече дека најголем проблем што го имаме во политичкиот систем и во политичката култура е што политичка партија како ДУИ е на власт повеќе од 20 години.

„Мислам дека е здраво, примарно за ДУИ, да замине во опозиција“,

рече Муцунски.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: Брука, Османи и Ковачевски се фалеа со претседавањето со ОБСЕ, потрошија 5 милиони евра, а добивме Виетнамски хотлајн

Следно

Градот ќе земе кредит: Арсовска најави нови 50 еко-автобуси

Latest from Blog

Ормускaтa Tеснина останува отворена за сите освен за бродови поврзани со непријателите, тврди ирански претставник

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ги нападне иранските електрани ако пловниот пат не биде целосно отворен во рок од 48 часа. Заканата од ирански напади за време на американско-израелската

Манасиевски: Дали Башановиќ бил посредник за матни бизнис зделки во енергетиката и промената на името на државата кое Заев и Филипче го спроведоа?

На денешната прек конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ упати неколку прашања кој СДСМ, тој паташа: „СДС да одговори, дали нивниот ПР шеф Башановиќ бил посредник за матни бизнис зделки

Николоски најави – Штип ќе стане туристички центар со ново вештачко езеро

Штип и источниот дел на Македонија ќе добијат прво туристичко вештачко езеро, кое се очекува да биде завршено до 2027 година, пред предвидениот рок, истакна Александар Николоски. Изградбата на браната на реката

Спалети: Ни недостасува зрелост во играта

Екипата на Јувентус синоќа направи нок кикс во домашниот Серија А шампионат, откако одигра на домашен терен само 1:1, против екипата на Сасуоло. Иако поведе на време уште во 14. минута преку
Go toTop