Муцунски: Како oпштина ги надоместуваме недостатоците кои што Арсовска не ги решава

March 10, 2023
2 mins read

„Дефинитивно е предизвик да се управува една од најголемите општини во Република Македонија во времиња кои се турбулентни, специфични заради начинот на кој што сите овие кризи влијаат и врз финансирањето на локалната самоуправа. Во период од година ипол успеавме да отпочнеме проекти кои што се ветени во програмата и кон тоа што сме фокусирани во следните години е целосна реализација на нашата програма и ветувањата дадени на граѓаните. Да покажеме дека може во политиката да се биде различен, да покажеме дека може да се владее на ефективен и организиран начин без притоа да има било какви сомнежи за коруптивно дејствување. Тоа е исто така еден од нашите фокуси“, истакна Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на општина Аеродром во гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.

Муцунски додаде дека е задоволен од досега сработеното, но смета дека може уште повеќе и уште подобро. И така се работи, самокритично, свесни и за недостатоците кои што ги има, но фокусирани кон реализација на ветените проекти.

„А, ако ме прашувате дали работата на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ во Градот Скопје ќе влијаат врз како граѓаните ќе гласаат на следните парламентарни избори, верувам дека одговорот би требало да биде афирмативен. Дека дел од нашата работа ќе има силни импликации, но исто така тоа што гледаме по анкетите на јавно мислење е дека веќе станува ноторен факт дека ВМРО-ДПМНЕ победува на следните парламентарни избори. Тоа што можам да го кажам е дека не само јас, туку и сите колеги покажаа различност во моделот на управувањето, специфично ако зборувам и за колегите кои што се градоначалници кои што се дел на општините дел од Градот Скопје“, појасни Муцунски.

Тој посочи дека неговата работа како градоначалник ја двои од работата како потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ. Бидејќи тој е избран од страна на граѓаните за да ги решава нивните проблеми. И тој има желба за соработка со Градот Скопје, но за жал некако таа соработка не е двострана.

„Градот Скопје требаше да го реализира тој Мега парк, и нема ништо од тој Мега парк, ни претходната година, ниту оваа година. Имаме еден отпочнат булевар „Васко Карангелески“ кој што година ипол седи раскопан и некако година ипол не може да се реши тоа прашање. И Општина како Аеродром, која што е една од најголемите придонесувачи кон Буџетот на Град Скопје дефинитивно најголема општина по население во градот Скопје не заслужува таков третман од Градот Скопје. Стојат отворени прашања, проблемот со кучињата скитници, прашање кое што е во целост на надлежност на Градот Скопје, прашање за кое што ние како Општина секоја година дотираме од нашиот буџет за да има решение, останува тоа прашање нерешено и влошена е состојбата. Остануваат сериозни недостатоци во начинот на кој што ЈП за комунална хигиена се соочува со отпадот“, рече тој.

Муцунски нагласи дека како Општина работи да се надоместат  недостатоците кои што Градот Скопје не ги решава. А, последна средба со Арсовска беше пред месец ипол два, координативна средба која што треба да се случува еднаш месечно согласно протоколите. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бела куќа: Бајден ќе ја посети Канада на 23 и 24 март, првпат по преземањето на функцијата

Следно

(Фото) Сообраќајна незгода го „парализира“ Ѓорче Петров

Latest from Blog

Анчелоти се врати во Реал и порача: Ова ќе биде добра сезона

Селекторот на Бразил и поранешен тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, го посети тренинг-центарот на шпанскиот клуб во Валдебебас. Италијанскиот стручњак се сретна со играчите, а разговараше и со актуелниот тренер Жозе

Се формира огромен Ел Нињо, метеоролозите алармираат за екстремни суши, горештини и поплави

Температурите на океаните во тропскиот дел на Тихиот Океан, кои силно влијаат на временските услови ширум светот, сега се невообичаено високи, објави агенцијата на ОН со седиште во Женева. „Пред нашите очи

Божиновска: Регионалната енергетска соработка е клучна за стабилноста на Југоисточна Европа

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествува на шестото издание на „Thessaloniki Metropolitan Summit“, во организација на „The Economist“, каде во фокусот се клучните предизвици и можности за економскиот

Гана го врати Карлос Кеирош на селекторското место

фото: KickOff Online @KickffMagazine (X) Карлос Кеирош повторно е селектор на фудбалската репрезентација на Гана, откако беше повторно назначен на функцијата помалку од два месеци по оставката. Португалскиот стратег во јули се

Медитеранот врие: Забележана е највисока температура во последните 33 години

Според извештајот, 79 проценти од Медитеранот доживеале силен или посилен морски топлотен бран најмалку еден ден, објавува AdnKronos. Во соопштението се објаснува дека рекордниот температурен рекорд оваа година треба да се толкува
Go toTop