Москва објави дека почнува божиќното примирје

January 6, 2023
1 min read

Руската државна телевизија наведува дека денес напладне на целата борбена линија стапил на сила режимот за прекин на огнот кој ќе трае до крајот на 7 јануари

Денеска во Москва почна прекинот на огнот за војниците да го прослават православниот Божиќ, тврди руската државна телевизија.

„Денес напладне на целата борбена линија стапи на сила режимот за прекин на огнот. Тој ќе трае до крајот на 7 јануари“,

наведува телевизијата.

ФОТО: EPA-EFE/GEORGE IVANCHENKO

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев денеска изјави дека Киев со одбивањето на примирјето не ја прифаќа „раката на христијанската милост“, но и „помалку проблеми“ за руските војници.

Тој истакна дека му е жал за луѓето, кои ја изгубиле можноста да одат во црква.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера му нареди на министерот за одбрана Сергеј Шојгу да воведе 36-часовен прекин на огнот на целиот фронт почнувајќи денеска на пладне.

„Со оглед на апелот на неговата светост Патријархот Кирил, му наредувам на министерот за одбрана на Руската Федерација да воведе режим на прекин на огнот на целата линија на фронтот во Украина од 6 јануари напладне до полноќ на 7 јануари“,

изјави Путин.

Патријархот московски и на цела Русија, Кирил повика на божиќен прекин на огнот во Украина и Донбас. Тој истакна дека тоа е неопходно за православните верници да можат да присуствуваат на богослужбите на Бадник и на Божиќ.

Советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Михаил Подољак вчера изјави дека Киев не прифаќа никаков мировен договор со Москва што ќе и овозможи на Русија да ја задржи окупираната украинска територија од руските сили, изјави денеска Подољак.

„Руската Федерација (Путин) под зборот разговор и нуди на Украина и на светот да го признаат нејзиното право да окупира странски територии и да го решат отсуството на правни последици за масовни убиства на странска територија. Тоа е целосно неприфатливо“,

напиша Подољак на Твитер.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека примирјето е само игра на Путин и дека целта е да се запре напредувањето на украинските сили во Донецк и поширокиот источен регион Донбас и да се донесат повеќе руски војници во Украина за време на примирјето.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во живо: Почна одбележувањето на Бадник во Соборниот храм во Скопје

Следно

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес се уште без претседател

Latest from Blog

Божиновска: Силните партнерства со Германија отвораат нови економски можности

Продлабочувањето на економската соработка и привлекувањето нови инвестиции беа во фокусот на средбите во Германија, на кои министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше како дел од владината делегација

Проданоски: Со свечена седница и признанија го одбележавме ослободувањето на Прилеп

Со свечена седница на Советот на Општина Прилеп во НУЦК „Марко Цепенков“ беше одбележан 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот. На свеченоста беа доделени традиционалните третоноемвриски награди и признанија, а

Коњановски: Честит 4 Ноември – со благодарност кон борците ја славиме слободата на Битола

Со положување свежо цвеќе пред спомен-обележјата на борците, Битола денеска одбележува 82 години од ослободувањето на градот на 4 ноември 1944 година. Почит беше оддадена пред Споменикот на НОАВМ кај Центарот за

Општина Битола: Музичка вечер во Офицерскиот дом со „Полноќни приказни“

Во Офицерскиот дом во Битола синоќа се одржа слушачка промоција на „Полноќни приказни од Офицерскиот дом“, во пресрет на винилното издание. Настанот беше дел од програмата за одбележување на Денот на ослободувањето
Go toTop