МОЛДАВИЈА САКАШЕ ДА СЕ НАЛЕПИ НА РОМАНИЈА И СТАНЕ ДЕЛ ОД ЕУ, но планот е одбиен – од Романците

January 24, 2026
1 min read

Претседателката на Молдавија, Маја Санду, неодамна во подкаст изјави дека ќе гласа за приклучување на нејзината земја кон Романија во случај на референдум. Нејзините коментари предизвикаа бес. „Доколку имаме референдум, јас би гласала за обединување со Романија.“

Молдавците и Романците се два различни народи и зборуваат два различни јазика, Романците формираат етничко малцинство во Молдавија A Република Молдавија е легитимен наследник на Кнежевството.

Овие “факти и планови“ ги изнесе молдавската претседателка избрана на контраверзни избори со “масовно гласање“ на Молдавците од Западна Европа за преку ред да ги внесе Молдавците во ЕУ со бришење на сопствената државност и станување дел од Романија која е членка на ЕУ.

Романскиот претседател Никушор Дан денеска ја отфрли идејата за организирање референдум за обединување на Романија со Република Молдавија.

Зборувајќи во градот Фокшани, каде што присуствуваше на настаните посветени на Денот на обединувањето на романските кнежевства, Дан рече дека таквата мерка не е оправдана сè додека „нема волја од Република Молдавија да го стори тоа“, пренесе агенцијата Аџерпрес.

Нема причина за тоа сè додека нема волја во Молдавија тоа да се стори – рече Дан и потсети дека Романија има обврска кон Република Молдавија да ја поддржи на нејзиниот европски пат.

Тој нагласи дека ова е прашање за кое граѓаните на Република Молдавија мора да се изјаснат.

Романија има обврска кон Република Молдавија да ја поддржи на нејзиниот европски пат. Ова е целта на граѓаните на Република Молдавија и владата што ја избраа. Покрај тоа, постојат и други поврзани прашања, како што се енергетиката, економската поврзаност и други. Во овој контекст, Романија ја поддржува Молдавија и ја почитува волјата на нејзините граѓани. Доколку во одреден момент нивниот став се промени, ние ќе дејствуваме соодветно – рече романскиот претседател.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шок во Минхен: Баерн поразен на свој терен од Аугзбург!

Следно

Кога работничка солза е сценски декор

Latest from Blog

Божиновска: Соларната енергија е сегашноста, но мора да има повеќе ред, планирање и предвидливост

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска ја отвори петтата Годишна соларна конференција, во организација на Македонската соларна асоцијација – Солар Македонија, која ги обединува компаниите, инвеститорите и експертите од

Божиновска: Благодарност за искрената и конструктивна соработка со амбасадорот Лосон

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, остварила проштална средба со амбасадорот на Обединетото Кралство, Н.Е. Метју Лосон, по повод завршувањето на неговиот дипломатски мандат во Македонија. Божиновска му се

Хавиер Агуире е нов тренер на Валенсија

Хавиер Агуире и официјално е нов тренер на Валенсија. Шпанскиот клуб денеска ја потврди информацијата која во изминатите денови беше најавувана, па искусниот мексикански стратег повторно се враќа на тренерската работа во
Go toTop