Младите од земјава препознаваат корупција, но потребни им се насоки и програми за справување со ова зло

November 26, 2024
1 min read

На проблемот со корупцијата мора да му се пристапува стратешки, но и со конкретни вештини за справување со овој проблем кој ги урива темелите на општеството.

Младите кои планираат да се занимаваат со политика во иднина ја препознаваат корупцијата но мора да научат и како да се справат со неа вели обвинителката Ленче Ристоска во изјава за медиумите на денешната работилницата од прокетот Мојот антикорупциски дневник . 

Дека меѓународната борба против корупцијата но и противзаконските дејствија е приоритет и на Владата во САД порача денеска и Директорката на Канцеларијата за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите (ИНЛ) при Амбасадата на САД, Вирџинија Елиот. 

– Мојот антикорупциски дневник е проект кој треба да им овозможи на младите да ги препознаат и да ѝ оддолеат на корупцијата во нивниот секојдневен живот и да размислуваат како таа влијае на нив и на луѓето околу нив. Се надеваме дека преку овој проект ќе ги видиме младите луѓе повеќе ангажирани во процесите на барање транспарентност и отчетност од Владата во нивниот секојдневен живот во општеството“. – Вирџинија Елиот.

Според Судијата Бетим Јахја неопходни се обуките кои младите треба да ги имаат за да се справат со овој општествен проблем кој зазема се поголем замав .

Борбата против корупцијата со години  се нотирана  како една од најслабите карики на земјата во извештаите на ЕУ а со тоа и нискиот процент на довербата во судските истанци.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

„Генџебај и Кин оставија посебен белег во мојата кариера“, рече турскиот музички виртуоз Текбилек

Следно

Што го налути Борисов за да не прифаќа да биде мандатар за состав на нова бугарска влада?

Latest from Blog

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop