Младата репрезентација на Македонија загуби со 2:0 од Шведска во последното, 10. коло од квалификациите за Европското првенство за фудбалери до 21 година.
Шведска поведе во 15. минута преку Свенсон на мечот кој се играше во Фалкенберг, а конечниот резултат го постави Нјие во 52. минута.
Со овој пораз Македонија ги заврши квалификациите на петтото место со седум освоени бодови, со учинок од две победи, едно реми и седум порази.
Пред нашата селекција завршија Италија и Полска со по 27 бодови, Шведска со 13 и Црна Гора со 12. Последна е Ерменија со само еден бод.
Квалификацискиот циклус го започна Горан Станиќ, а го заврши Александар Таневски, кој имаше можност да комбинира со фудбалери кои ќе бидат дел од оваа селекција и во следниот квалификациски циклус.
Извор: sportmanija.mk


