Мицкоски за загинатите припадници на МВР во Диво Насеље: Тие се хероите на новото време, пазарот на ДУИ и СДСМ со терористите е за опстојување на власт и крадење

1 min read

Денес токму од Тетово дозволете да се обратам за два важни моменти. Првиот е 9 мај денот на Европа, вториот е 9 мај денот кога се случи пресметката во Диво Насеље и каде животот го загубија 8 припадници на Македонските безбедносни сили. Има такви кои се пресметани и кои на статуси се најјаки да водат политика, но кога ќе дојде мегдан да говорат за овие теми, тогаш си велат подобро да не се бранува јавноста. Епа не е така. Власта овие теми ги става под тепих, а јас сакам јавно да зборувам за вистината, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски во своето обраќање на денешната трибина во Тетово во организација на партијата насловена „Социјални политики против иселување и сиромаштија“.

Претседателот Мицкоски во своето обраќање истакна почит за 8те припадници на МВР кои како што рече тој 9ти мај 2015та година го бранеле Уставот, слободата и суверенитетот на Македонија во кумановското Диво Насеље, потенцирајќи дека за него тие се хероите на новото време кои го жртвуваа најсветото за мирот и слободата на граѓаните на Македонија.

Им оддавам почит на 8-те припадници на МВР кои ги бранеа тој 9 мај 2015та година Уставот, слободата и суверенитетот на Македонија во Диво Насеље. Тие за мене се херои на новото време, кои го жртвуваа најсветото за нашиот мир, за нашата слобода, истакна Мицкоски и децидно порача дека нема да дозволи да се наруши и погани со ниту еден политички пазар за слобода на криминалците и терористите.

И тој мој поклон за нивното дело не давам да се наруши или погани со ниту еден политички пазар за слобода на криминалците и терористите кои го нападнаа мирот, и ги убиваа овие македонски херои. Пазар и политика каква во континуитет се прави над нивната судбина актуелната власт, јас нема да правам. И тоа распродавање и пазар со нивното дело и имиња го прават само за да обезбедат опстојување на коалиција ДУИ-СДС, за само уште некој ден повеќе го крадат народот што е плаќање скапа и нечесна цена, рече Мицкоски.

Мицкоски додаде дека Диво Насеље не одговара ниту на Македонците, ниту на Албанците, туку на големиот брат во владата ДУИ.

И доста свесно и трезвено треба да се говори дека овие 8мина кои ги положија своите животи тоа го направија за слободата и мирот и за Македонците во Куманово, исто како и за Албанците, Турците, Ромите, Србите, Власите, Бошњаците. Тоа беше за слободата на сите. А Диво Насеље не одговара ниту на Македонците, ниту на Албанците, туку единствено од оваа временска дистанца одговара на големиот брат во владата, ДУИ и неговиот подизведувач СДСМ кои 8 години потоа сакаат да печалат на оваа тема и преку тоа да ја додржат власта. Впрочем и Диво Насеље е последица на естаблишментот на ДУИ, оние лукративни ласкавци кои упорно го лажат својот народ додека истовремено дрско го крадат, порача Мицкоски.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Трамп прогласен за виновен за сексуален напад врз новинарка

Следно

(ВИДЕО) Дивоградба на „Пластичарска“: Државна акција за рушење пробиена од државата

Latest from Blog