Мицкоски за ТВ 24: Во втората половина на јули ќе има ребаланс на буџетот и нови инвестиции

June 24, 2024
1 min read

Христијан Мицкоски претседател на владата и на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата 24 анализа рече дека во иднина ќе го гледаме допрва на пуштање на проектите кои ги ветиле во изборната кампања. 

– Ако биде се како што треба, во втората половина на јули ќе има ребалансот во Парламентот и во првата половина на август ќе биде повикот до општините да алицираат  со проектите. Според тоа што го разговара во министерката за финансии, голема е можоста шест милијарди денари да бидат распределени кон општиите за проекти кои се подготвени. Утре имаме состанок и ќе работиме на оваа проблематика. Со овие шест милијарди денари очекувам очекувам најмалку 150 проекти. да бидат финансирани, ако не и 200. Тоа се проекти важни за граѓаните и се содржани во проектите на градоначалниците, атие програми победија на избори во 2021 година и цениме дека треба да се поддржат. Станува збор за булевари, канализациски и водоводни системи, училишта… Утре промовираме голема странска инвестиција во делот на  енергетиката, помеѓу 400 и 450 милиони евра и со тоа наше производство на струја, ќе добиеме енергетски баланс, колку што произведуваме, толку и да трошиме, без специјални закони во Парламентот. И ќе има нови дополнителни 100 милиони евра за македонскиот бруто домашен производ. Инвеститорот е од Дубаи. и во тој инвестициски фонд во стуктурата е Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка, Меѓународната финансиска коорпорација или АФСИ, има германски и американски структурни фондови, нешто досега невидено во Европа. – рече Мицкоски.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ му честита на Христијан Мицкоски за изборот за премиер на Македонија

Следно

Македонските ракометарки испуштија победа против Португалија

Latest from Blog

По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на 324 килограми марихуана

Предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривична пријава поднесена од Министерството за внатрешни работи, донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице.

ПРОДОЛЖУВА ПОСТАВУВАЊЕТО НА БАТЕРИСКИ СИСТЕМИ – КЛУЧЕН ЧЕКОР ВО ЕНЕРГЕТСКАТА ТРАНЗИЦИЈА

ФЕРОИНВЕСТ продолжува со поставување батериски системи на фотонапонски електрани, помагајќи им на електраните да го издржат прекумерното производство на електрична енергија преку ден, и да ги заштити нив од ниски цени и
Go toTop