Мицкоски уверува: За кратко време ја консолидиравме економијата

December 8, 2024
2 mins read

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека за краток период од половина година Владата успеала да ја консолидира економијата, искажувајќи задоволство од податокот за пораст на Бруто-домашниот производ (БДП) за 3 проценти во третото тримесечје од 2024 година (јули, август и септември).  

На прес-конференција посветена на економскиот раст, претседателот на Владата рече дека податоците што ги објави Државниот завод за статистика ги надминале и очекувањата на Владата и прогнозите на Светска банка, нагласувајќи дека „во услови на сложени геоекономски и политички случувања, 3 проценти е меѓу најголемите во рамките на ЕУ“. 

– Успеавме да ја консолидираме економијата и индикаторите со коишто денеска можеме да излеземе пред македонската јавност во ова тримесечие се едни од најдобрите во Европа. Многу ретко до сега сме имале можност да се пофалиме со економски резултат што ќе биде еден од најдобрите во Европа. Само пет земји членки на ЕУ имаат повисока стапка на раст во третиот квартал, а што се однесува во регионот, помала стапка на раст во третиот квартал имаат две земји членки на ЕУ, тоа се Грција и Бугарија, 2,4 проценти. Романија е во негативно салдо -0,3 проценти, Словенија е 1 процент. Негативни се стапките на раст на Естонија, Австрија, Латвија, Германија итн. Ако се анализираат податоците ревидирани од првите три квартали оваа година, тогаш може да кажеме дека БДП порасна во просек повеќе од 2,6 проценти, што претставува повеќе од предвидувањата на некои од меѓународните институции, мислам дека тоа беше Светка банка, која предвидуваше раст од 1,8 проценти за 2024 година на БДП на македонската економија, рече Мицкоски на прес-конференција во Владата. 

Очекува раст сличен и повисок во четвртиот квартал (октомври-ноември-декември) од 2024, со што, рече, би се доближиле на годишно ниво од 3 проценти, „што е многу повеќе од предвидените 1,8 проценти“.

Соопшти дека во третото тримесечје од 2024 година, поголем пораст е забележан во секторите: трговија на големо и трговија на мало, транспорт и складирање, објекти за сместување и сервисни дејности со храна, стручни, научни и технички дејности, административни и помошни услужни дејности.

Како што рече, финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во третото тримесечје од 2024 година, номинално растеле за 3,9  отсто, а нејзиното учество во структурата на БДП изнесува 67,7 отсто. Во истиот период, рече Мицкоски, извозот на стоки и на услуги номинално е зголемен за 2, 0 отсто.

-Покрај историски најголемиот раст на странски инвестиции кое до крај на годината очекуваме да надмине една милијарда евра, еве успеавме после консолидирање на македонската економија првите индикатори да бидат едни од најдобрите во Европа, секако и најдобри во регионот. Тука не застануваме, ќе продолжиме да работиме. За кратко време, да заклучам, имаме плус 3 проценти на БДП и рекордно ниво на странски инвестиции за кои, како што кажавме, до крајот на годината очекуваме да биде повеќе од 1 милијарда евра. Можам да кажам дека опоравувањето е на задоволително ниво, секогаш може подобро и ние ќе се стремиме да биде подобро и ќе биде подобро. Што се однесува до личната оценка можам да кажам за краток период ја консолидиравме економијата, и можам да кажам дека сум задоволен, истакна Мицкоски. 

Како што рече, доаѓаат подобри времиња во економијата и се потребни „крупни економски чекори“ за да се надомести „изгубеното во изминатите седум години“, затоа што, рече, Владата пред речиси шест месеци наследила „индустрија во опаѓање, неисплатени плати, јавни претпријатија и акционерски друштва во доминантна државна сопственост во банкрот“. 

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Честитка од министерот за јавна администрација, Горан Минчев по повод празникот Свети Климент Охридски

Следно

Села до Мицкоски: Не го чепкајте албанскиот јазик

Latest from Blog

Адвокатот на Линдзи Кленси бара од Трамп да ја помилува, иако таа призна дека си ги убила своите три деца (ВИДЕО)

„Господине претседателе, се надевам дека ќе размислите за тоа каква личност е оваа млада жена, низ што поминала и ќе ја разгледате можноста за помилување“, рече адвокатот Кевин Редингтон во интервју за

ЛШ Полувреме: Мбапе и Валверде ги казнија грешките на Интер, Порто издржа против Сити (ВИДЕО)

Реал Мадрид има убедлива предност од 2:0 по првите 45 минути на натпреварот против Интер во воведното коло од Лигата на шампионите. Можеби резултатот не ја отсликува целосно сликата на теренот затоа

Остра реакција на Исланд поради објавата на Трамп- повикан на разговор американскиот амбасадор

Исланд го повика американскиот амбасадор во Рејкјавик на разговори откако претседателот Доналд Трамп објави фотографија на социјалните мрежи на која се гледа Исланд и други земји под знамето на САД, објави исландскиот

Коњановски: Да продолжиме да ја градиме Македонија како земја на слобода и правда

БИТОЛА – По повод 35-годишнината од независноста на Македонија, денеска бројни делегации положија свежо цвеќе пред споменикот на НОАВМ во Битола. Почит на значајниот датум од македонската историја оддадоа градоначалникот на Општина
Go toTop