Мицкоски со честитка по повод празникот Богојавление Христово – Водици

January 19, 2023
1 min read

Во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на сите православни христијани во Република Македонија им го честитам големиот христијански празник Богојавление – Водици.

Овој светол ден е симболот на духовното раѓање и како таков не потсетува сите нас на духовните вредности кои мора да ги негуваме и врз кои треба да се надградуваме како поединци. Тоа е патот по кој треба да чекориме, затоа што така ќе придонесеме кон подобра лична иднина, но и посветла иднина на Македонија.

Денес сме соочени со пад на вредносните принципи, особено на полето на политиката и кај оние кои ја практикуваат власта. Сведоци сме дека оние кои што се во највисоките структури на власта се личности на кои ништо не им е свето и кои се водат само од бизнис и материјални интереси. Таквите личности се изворот на криминалот и корупцијата кои ја осиромашуваат Македонија и кои ги прават граѓаните се повеќе апатични и безнадежни. Целта на овие луѓе во власта е да ја осиромашат Македонија и духовно, да ја убијат надежта на народот и така да владеат со понижен и скршен народ.

Но традицијата и историјата на овие простори покажале дека доброто секогаш победувало. Народот секогаш знаел да се издигне и да ги победи сите предизвици и проблеми со сплотеност и заеднички сили, затоа што можел да се обедини околу интересот на државата и на граѓаните. Јас верувам во нескршливиот дух на овој народ, јас верувам дека силата и волјата на граѓаните ќе ја донесат новата надеж за подобра иднина.

Нека големиот празник Богојавление – Водици ги обедини граѓаните и нека им даде поголем мотив за борба за подобра иднина.

Нека е за многу години!

Бог се јави, навистина се јави!

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Баерн Минхен ја најде замената за Нојер

Следно

Џанлука Фереро нов претседател на Јувентус

Latest from Blog

Ѕвзеда на Никс со забелешка за новинар: Арсенал загуби во финале, зошто го носиш тоа ѓубре?

Фото: Њујорк Х Одличниот бек на Њујорк Никс, Џош Харт, изненади со својата реакција на новинар кој носеше ознаки на англискиот фудбалски клуб Арсенал. „Знаете дека Арсенал го загуби финалето на Лигата

HUAWEI или Брисел? Еве кого одбраа Германија и Шпанија, ЕУ единството на испит

Германија и Шпанија се главните противници на плановите на Европската комисија да им забрани на кинеските добавувачи на технологија како што се „Хуавеј“ и „ЗТЕ“ пристап до европските телекомуникациски мрежи преку нови

„Македонијатурист“ ќе управува со хотел „Русија“, се подготвува ново поглавје за објектот на Самсоненко

Хотелско-угостителската компанија „Македонијатурист“ го презема управувањето со хотелот „Русија“, лоциран во непосредна близина на спортскиот центар „Јане Сандански“ во скопската населба Аеродром. Според достапните информации, компанијата веќе регистрирала подружница на адресата на

Хотел „Русија“ под нов менаџмент: „Македонијатурист“ го презема управувањето

Хотелско-угостителската компанија „Македонијатурист“ го презема управувањето со хотелот „Русија“, кој се наоѓа во близина на спортскиот центар „Јане Сандански“ во скопската општина Аеродром, дознава „Фактор“. Според информациите, акционерското друштво кое управува со
Go toTop