Мицкоски дојде на власт и смени лента, договорот со Бехтел и Енка беше „историски криминал“, а сега е супер

October 28, 2024
1 min read

Кога беше во опозиција Христијан Мицкоски велеше дека Договорот со Бехтел и Енка е историски криминал. „Договорот помеѓу владата и Бехтел и Енка отвори 10-тина дилеми за историски криминал“. „Таму се фатени буквално во сериозен криминал“, говореше претходно Христијан Мицкоски, потсетуваат од СДСМ.

Сега, велат од партијата, откако дојде на власт и седна во премиерската фотелја, Мицкоски веднаш смени лента.

„Одеднаш се е различно, се е супер. Мицкоски и Николовски од денеска се фалат со истиот проект од Договор со Бехтел и Енка и велат дека резлизацијата ќе била добра за државата и за граѓаните“, пососчуваат се посочува во соопштението на СДСМ.

Вакво лажење на народот досега е невидено, потенцираат од оваа партија, и истакнуваат дека „се потврди дека историско е само политичко лицемерие и дволичност на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ“.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

ДУИ: Нашиот проект Коридор 8 се докажа и потврди како правилен и визионерски

Следно

Се подготвува ли закон за правична застапеност? – Минчев вели нема работна група за законот, Снопче демантира

Latest from Blog

Министерството за спорт ќе ја поддржи јубилејната академија на ПК „Љуботен“

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари средба со претставниците на Планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово, кој годинава одбележува импресивен јубилеј – 100 години од своето формирање. ПК „Љуботен“ претставува најстар активен

„THE RED APPLE“ -Зохран Мамдани со срп и чекан на насловната на New York Times

На насловната страница на денешниот „Њујорк пост“ пишува: „Социјалистот Мамдани ја доби градоначалничката трка. Црвено јаболко“. Во позадина, Мамдани е прикажан како држи чекан и срп, додека на небото над облакодерите се

Бојан Бојковски е нов претседател на Советот на Општина Битола

На конститутивната седница на Советот на Општина Битола, за нов претседател беше избран Бојан Бојковски од ВМРО-ДПМНЕ. Седницата ја водеше највозрасната советничка Јагода Талевска од Движењето ЗНАМ, а Бојковски беше единствениот предложен
Go toTop