Мицкоски бара да се отворат сите прашања за 27 април, СЈО и работата на обвинителите

April 1, 2026
2 mins read

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски, денеска изјави дека јавноста треба да знае како се одвивале одредени процеси поврзани со „оживувањата“ на предметите на СЈО кога поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева беше веќе во затвор, како десетици луѓе беа судени за тероризам за случајот од 27 април 2017 година, а заштитени сведоци под присила давале искази за случувањата на 27 април во Собранието, но и за пренесувањето на надлежностите за пожарот во модуларната ковид-болница во Тетово, за случаи во енергетиката, во доменот на јагленот, дали постојат фирми што спонзорирале одредени политичари, нивни возила, имоти…

Очекувам од новиот јавен обвинител да излезе во јавноста со став како тогашната затвореничка Катица Јанева ги пренесе своите овластувања и ги оживеа предметите од поранешното специјално јавно обвинителство (СЈО). На кој начин и како беше тоа направено. Македонската јавност и граѓаните заслужуваат да знаат бидејќи тие ги плаќаа оние скапи милионски хонорари за тие т.н. обвинители, кои беа дел од СЈО. Тоа треба да го знае македонската јавност бидејќи тоа се плаќаше од народните пари, а резултатот се знаеше каков беше – заврши со една чанта ‘луј витон’ полна со банкноти во странска валута. Така неславно заврши тоа што требаше да биде симбол на правдата, а граѓаните, кои го финансиираа тоа, мора да ја знаат вистината“, рече Мицкоски.

Според него, мора да ја знаат вистината како беа судени десетици луѓе за тероризам и на кој начин функционираа заштитените сведоци – случајот поврзан со 27 април. „Македонските граѓани мора да го знаат тоа. Не можеме да одиме напред ако вистината не се знае и дали постојат т.н. заштитени сведоци, кои под присила давале искази од страна на одредени лица од судството и од Обвинителството, кои биле вклучени во тој процес за 27 април. Тоа мора да го знае македонската јавност ако сакаме да одиме напред“, рече премиерот.

Како шро рече македонскиот премиер, треба да се разгледаат и да се процесираат сите поднесоци од институциите заедно со Државниот завод за ревизија, кои се во Обвинителството, а кои остатоците од СЈО и од претходната гарнитура ги држеа во фиока. 

„Доколку ова не се случи, јас не гледам дека во иднина некој може да биде заштитник на правдата. Како се случи модуларната болница, зошто се случи, зошто се пренесуваа ингеренциите, дали сите се прифатени, како се случија многу случаи во делот на енергетиката, во делот на јагленот, дали постојат фирми што спонзорирале одредени политичари, нивни возила, имоти итн… Како се случија многу работи во минатото? Сето ова е документирано и поднесено во обвинителството. Тоа што не сме правеле естрада од сето ова е друга работа, но факт е дека е таму и очекувам од новиот државен јавен обвинител и од неговиот тим да се позанимаваат со тоа“, рече Мицкоски.

Ако немаме капацитет да отвориме толку многу случаи, одговори премиерот на новинарско прашање, Владата, како што сега даде согласност за 200 нови вработувања во судовите, така ќе даде согласност и за вработувања во Обвинителството.

Засега рече дека не е планирана средба со новиот државен јавен обвинител.  Одговарајќи на прашање за одземањето на ингеренциите на обвинителката Ленче Ристовска за случаите поврзани со ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски рече дека тоа е одлука на обвинителството и оти за тоа одговори треба да се бараат таму.

„Тоа е одлука на обвинителството. Јас немам што да коментирам тука, можеби треба нив да ги прашате“, рече Мицкоски при денешната работна посета на општина Гази Баба.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Цела ноќ око не склопив, Италија е во тага“

Следно

Мицкоски утре на поставување на камен темелник на 400 кV далекувод од ТС „Битола 2”

Latest from Blog

Бизнисменот Главчев пријавил тројца обвинители од СЈО – за барање поткуп

По окончување на судскиот случај „Поштенска банка“ во полза на обвинетите во 2024 година, како што пишува порталот ПлусИнфо еден од нив, гевгелискиот бизнисмен Томе Главчев, во јануари годинава, поднел кривична пријава против поранешните

„Марив“: Израел врши притисок врз САД за копнена операција врз Иран

Весникот наведува дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговите советници се за воена ескалација, оценувајќи оти евентуален договор во оваа фаза претставува „јасна победа на Иран“. Неименуван израелски безбедносен извор тврди дека

Мицкоски утре на поставување на камен темелник на 400 кV далекувод од ТС „Битола 2”

Утре, 02.04.2026 година (четврток), во 12:00 часот, претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на поставување на камен темелник на 400 кV далекувод од ТС „Битола 2” на граничниот

„Цела ноќ око не склопив, Италија е во тага“

Фото: https://www.figc.it/ Италија повторно нема да игра на Светско првенство, беше елиминирани после пенали од Босна и Херцеговина во Зеница. „Цела ноќ око не склопив, сè уште не можам да поверувам што
Go toTop