Мицевски: Проблемите на граѓаните не се решаваат со реконструкција, туку со оставка на целата влада

February 22, 2023
1 min read

Министерот без ресор беше 14 месеци член на владата, но се уште ретко кој го познава и не знаеме што работел тој човек и никој до сега не го почувствувал резултатот и неговиот бенефит во владата. Да бидеме искрени и чесни Чупи за тоа не е крив. Неговото место во владата беше само резултат на партиско коалициски пазар помеѓу тогашните коалициони партнери кога на големо се правеше пазар и се тргуваше, се делеа министерски и директорски позиции, вели координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски на денешната седница.

Мицевски потсети дека во минатото СДС ветувала намалување на министерските позиции, но го направила тотално спротивното, само за задоволување на интересите и барањата на политичките партнери се со цел задржување на власт подолго.

Сакам да ја потсетам јавноста дека иако пред неколку години раководството на СДС во неколку изборни процеси на големо ветуваше дека ќе го намали бројот на министерства, тие го направија токму спротивното. Постојано измислуваа работни места, позиции, функции во владата само за да се испазарат со своите политички партнери за да ја одржат на власт нивната вештачка коалиција и мнозинство. Така беше претходно, така ќе биде и сега и затоа оваа измислена позиција постои во владата и затоа не ги гледаме бенефициите од неа. Позиција за задоволување на коалиционите потреби и барања, рече тој.

Според Мицевски со реконструкцијата нема да се решат проблемите на граѓаните, нарекувајќи ја владата Пазар 3.

Реконструкцијата на владата и неколку заменици на министри и заменици министри нема да реши ништо во државата. Нема да ги решат и нема да исчезнат натрупаните проблеми на граѓаните кои секојдневно се соочуваат токму поради оваа вештачка творба наречена купи ден продај или по ново Пазар 3 влада, изјави Мицевски.

Координаторот Мицевски ја спомна и анкетата на Евротинк во која дури 61 процент од населението смета дека во Македонија нема демократија, додавајќи дека ова е поразително за владата на СДС, укажувајќи дека согласно анкетата ова нема да се реши со реконструкција на владата, туку со оставка на целата влада.

Дури 53 проценти сметаат дека оваа влада ја води во целост погрешна насока, а само мизерни 5 проценти сметаат дека се движи во добра насока. По поразителен факт од ова нема, ако и и ова Ковачевски и неговата екипа во владата не го гледаат, тогаш имаме многу поголем проблем од ова што го зборувам сега, рече Мицевски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЈА ПОГРЕБАЛ 22 МЕСЕЧНАТА ЌЕРКА И СОПРУГА, НО СЛЕДУВАЛО ПОГОЛЕМ ШОК – го прогласиле и него за мртов по земјотресот, поминал низ пекол додека „оживее“ (ВИДЕО)

Следно

„Марка“ со големи пофалби за Модриќ: Со 37 години да владееш на Енфилд е лудо, ако Реал не му понуди нов договор ќе биде голема грешка

Latest from Blog

Проданоски: Прилеп отвора врати за нови заеднички проекти со Словачка

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, на денешниот празник Голем Петок – Источен Петок Балаклија, истакна дека општината останува посветена на унапредување на меѓународните партнерства и локалниот развој. Во рамки на официјалните

Коњановски: „Весел Петок“ прерасна во значајна културна манифестација

Традицијата и годинава продолжи во населбата Јенимаале, каде се одржува тридневниот фестивал „Весел Петок“, со кој се одбележува празникот Источен Петок – Балаклија, познат и како Градски – Селски Велигден. Детскиот фолклорен

Димитровски: Јавноста нека ја види вистината, институциите нека проверат (ВИДЕО)

Секретарот на Општина Битола, Борче Димитровски, преку видео обраќање на социјалните мрежи ѝ се обрати на јавноста: Денес, во оваа Светла недела по Велигден, на овој ден кој се празнува како Источен

Комерцијална банка Скопје (KMB), Алкалоид Скопје (ALK) и Стопанска банка Скопје (STB) со најголем промет, МБИ10 се намали за 0,58%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На сесијата од 17.04.2026 година, МБИ10 изнесуваше 9.870,33 поени и забележа пад од 0,58%, односно 57,69 поени, додека
Go toTop