Митева: Власта не реагира за намалување на корупцијата, постапка за Коридорот 8 и 10Д нема, токму неказнивоста е темелот на корупцијата

March 22, 2023
2 mins read

„За да разговарате со некого за спречување на корупција, треба тој истиот да не е креатор на корупцијата. Не гледам како опозиција како ВМРО-ДПМНЕ ќе седне да разговара практично со оние кои што ја креираат корупцијата како што е и детектирано во Извештајот дека постои висока ниво на владина корупција“, истакна Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „24 анализа“ на Телевизија 24.

„Прво велиме дека сме се довеле во ситуација да ваквите Извештаи нас ни претставуваат нормалност, но за мене тоа е клучниот проблем. Тоа е клучниот проблем кога овозможуваме државата да дојде до степен да едни вакви Извештаи без разлика кога се донесени ги третираме како нормалност. И се согласувам дека не смееме тоа да продолжиме да го правиме. Меѓутоа без силни институции кои што ќе ја спречат неказнивоста, кои што ќе се борат против тоа, ние не можеме да се бориме против корупцијата. Всушност неказнивоста е темелот на корупцијата. Од друга страна велиме дека треба поширок консензус меѓутоа потребна е иницијатива за да има консензус и да седнеме да разговараме. Власта има т.н. засилено мнозинство во моментов, имаше засилено мнозинство една година претходно, имаше мнозинство пет години претходно, доволно ќе беше да се поднесе еден закон во Собранието со кое што ќе се направеше потекло на имот, ќе се направеше ветинг, ќе се направеше се она што зборуваме изминатиов период. И на крајот од денот сите коруптивни скандали кои што овие шест години зборувавме ние, зборуваат меѓународни истражувачки куќи како што се БИРН итн. во однос на последниот период за Коридорот 8 и 10Д, би требало да има некоја постапка. Треба граѓаните да видат резултат“, нагласи Митева.

Таа посочи дека само преку конкретни мерки и конкретни закони кои што ќе се спроведуваат може да се намали корупцијата во државата.

„Каков е Извештајот и што вели во моментов, и каква е ситуацијата од слаба независност во новинарството состојбата прерасна во отворени закани кон новинарите и лоши медиумски слободи. Цитирам – „Власта не презела мерки за санкционирање на кршењето на правата на новинарите и заштита на нивната безбедност“, дополнувам алармира „за директни злоупотреби од припадници на безбедносни сили, полициски распит на новинари за информативни интервјуа“. Па, ценам дека ова е и те како голема цензура, да еден новинар да биде повикан на информативен разговор од безбедносни сили или на полициски распит“, заклучи портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ.

Митева укажа дека Македонија со оваа власт е далеку од демократска слобода на медиумите.

Во текот на гостувањето Митева се осврна и на условите во затворите.

„Бројот на притвореници е зголемен од она што може да се прими во затворите, и тоа дава една дефиниција дека криминалот во државата е навистина на високо ниво што практично е и потврдено. Она што не го споменаа моите соговорници е дека е констатиран тендемски криминал помеѓу луѓето коишто се административно вработени во затворите односно затворскиот персонал, што укажува дека повторно и таму владее криминалот какошто владее на секое поле во државата. Јас она што повторно ќе го кажам е дека ценам дека за да стигнеме до тектонски промени потребно е некој да има иницијатива, одговорност, и да се направат мали чекори кои што ќе не донесат до било какви промени, од причина што Македонија со власта на СДСМ и ДУИ тоне и тоне во криминал и корупција“, заклучи Митева.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вселенскиот патријарх: Руската црква ја сподели одговорноста за злосторствата во Украина

Следно

Почнува Рамазанскиот пост

Latest from Blog

Божиновска: Македонија активно ги следи глобалните процеси за енергетска транзиција

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ќе биде дел од државната делегација на Република Северна Македонија, предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која од 10 до 13 ноември 2026 година

Николоски: Го зајакнуваме стратешкото партнерство со Обединетото Кралство

Заменик  претседателот на Владата, Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Маја Сивањанам. Во фокусот на средбата беше стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, унапредување на

По примерот на ЕУ и Велика Британија, дали Македонија ќе отвори пат за стратешки рударски проекти?

Велика Британија треба да го следи примерот на Европската Унија и да воведе модел за означување и поддршка на стратешки рударски проекти, оценува парламентарната Комисија за бизнис, иновации, наука и трговија. Во

ВЛЕН: Владината коалиција е стабилна, продолжуваме со исполнување на ветувањата

Централното претседателство на ВЛЕН одржа редовна седница на која беа разгледани актуелните политички случувања и беа потврдени приоритетите на коалицијата за претстојниот период. Од ВЛЕН порачуваат дека остануваат посветени на реализацијата на

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот
Go toTop