Министерството за внатрешни работи на Србија потврди: Дојавите за бомби во училиштата се лажни

May 17, 2023
1 min read

Полицијата извршила антитерористички контроли во сите училишта, по што било утврдено дека во училиштата нема експлозивни направи и дека пријавите се лажни

Извештаите за поставени бомби, испратени во средата наутро по електронска пошта на адресите на 115 основни и средни училишта во Белград, се лажни, потврдија од српското Министерство за внатрешни работи, пренесуваат српските медуими.

Полицијата извршила антитерористички контроли во сите училишта, по што било утврдено дека во училиштата нема експлозивни направи и дека пријавите се лажни.

Утринава, по првите вести за поставените бомби, Министерството за образование одлучи да ги евакуира учениците и вработените во училиштата. Првата смена беше прекината до завршување на проверката, а наставата се организираше од далечина.

Дојавите за бомби како што објави српското Министерство за образование, пристигнале на адресите на дури 115 школи. Од нив, 78 се основни, а 37 средни.

Извештаите за бомбите дојдоа две недели по неодамнешното масовно убиство во основното училиште „Владислав Рибникар“, што предизвика дополнително внимание бидејќи полицијата испрати специјализирани тимови во училиштата за да истражат.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Германија: Ослободени приведените турски новинари

Следно

Шкендија ја победи Брегалница во Купот на Македонија за пионери

Latest from Blog

Коњановски: Битола влегува во силна градежна и инфраструктурна офанзива

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, во интервју за емисијата „Студио 10“ на Телевизија 24 истакна дека во градот се спроведува интензивна градежна и инфраструктурна офанзива со цел решавање на долгогодишни проблеми на

Промоција на вториот том „Македонци“ од д-р Светозаревиќ вечерва во Скопје

Вториот том од книгата „Македонци“ на Бранислав Светозаревиќ, насловен „Сведоштва за идентитетското име и јазикот (1453-1944)“, вечерва ќе биде промовиран во Музејот на македонската борба за самостојност со почеток во 19 часот.

Божиновска: Македонија тргнува кон силен раст на обновливите извори

Владата го усвои Интегрираниот национален план за енергија и клима 2025–2030 – стратешки документ што ја поставува државата на јасна патека кон енергетска трансформација, одржлив развој и целосно усогласување со европските политики.

Меџити: Почнува реконструкцијата што ќе ја разубави Старата чаршија

Општина Чаир денеска официјално ќе го означи почетокот на реконструкцијата на улицата „Самарџиска“, како и на уште пет помали улици во Старата скопска чаршија – еден од најзначајните културно-историски локалитети во главниот
Go toTop