Министерството за култура и МТФ „Војдан Чернодрински“ распишаа конкурс за откуп на необјавен и непоставуван македонски драмски текст

January 30, 2023
1 min read

Министерството за култура, во соработка со Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, денеска распиша „Конкурс за откуп на необјавен и непоставуван македонски драмски текст“.

Целта на конкурсот е афирмација на современата македонска драма и збогатување на фондот на драмски текстови од македонски автори.

Право на учество на конкурсот имаат сите автори, државјани на Република Македонија, кои може да конкурираат со најмногу два македонски драмски текста кои не биле објавени ниту поставени на сцена претходно.

Приоритет ќе имаат текстовите кои поттикнуваат и промовираат млади домашни драмски автори, текстови кои ја афирмираат современата македонска драма, иницираат зголемено учество на јавноста-интерактивност, активна публика, учество на млади и текстови кои отвораат актуелни општествени прашања.

Разгледувањето и оценувањето на пријавените текстови ќе го врши посебна комисија од истакнати, стручни и компетентни лица именувана од Министерот за култура, на предлог од Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ – Прилеп.

Комисијата во согласност со приоритетите и квалитетот на текстот ќе направи избор на најмногу 3 македонски драмски текстови.

Пријавата со потребната документација треба да се достави до Министерството за култура по пошта ( ул. „Ѓуро Ѓаковиќ“ббр.61, 1000 Скопје) со датум на поштенскиот жиг, или лично во писарницата на Министерството за култура, секој работен ден до 15:30 часот.

Конкурсот ќе трае до 15 март 2023 година, а драмските текстови пристигнати по наведениот рок нема да бидат разгледувани.

Министерството за култура на авторите на откупените македонски драмски текстови, за откуп на авторските права за објавување и поставување на драмскиот текст, ќе им додели авторски надомест во нето-износ од по 120.000 денари. Неизбраните драмски текстови ќе им бидат вратени на авторите. Воедно ќе спроведе и соодветна постапка за објавување и поставување на откупените македонски драмски текстови.

За резултатите од Конкурсот, подносителите на пријавите ќе бидат известени во согласност со Законот за култура.

Конкурсот и пријавата се објавени на веб-страницата на Министерството за култура.

 

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шоле и Ескобар: Време е да се формира Заедница на српски општини

Следно

Шведска спречила палење на Тората пред израелската амбасада

Latest from Blog

ВЛЕН: Владината коалиција е стабилна, продолжуваме со исполнување на ветувањата

Централното претседателство на ВЛЕН одржа редовна седница на која беа разгледани актуелните политички случувања и беа потврдени приоритетите на коалицијата за претстојниот период. Од ВЛЕН порачуваат дека остануваат посветени на реализацијата на

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај се сретна со д-р Ѓорѓевиќ, претставничка на Европскиот центар за прашања на малцинствата

Разговор за правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата. Во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн,

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE
Go toTop