Министерството за јавна адмиистрација организира настан „Градење на капацитетите на институциите за обука на јавните службеници“

March 10, 2026
1 min read

Министерството за јавна администрација денеска организира настан Тематската група за управување со човечки ресурси и професионален развој (HRMPD), насловен „Градење на капацитетите на институциите за обука на јавните службеници“.

Настанот е во организација и во соработка со Регионалното училиште за јавна администрација (ReSPA), Амбасадата на Франција во земјава и Центарот за управување со промени (ЦУП).

Како што соопшти МЈА, на настанот ќе учествуваат директори и високи претставници на институции за обука на јавните службеници од земјите од Западен Балкан, Источното соседство и земјите членки на Европската Унија.

Меѓу говорниците кои ќе се обратат на настанот се министерот за јавна администрација Горан Минчев, Маја Ханџиска Трендафилова, директорка на Регионалното училиште за јавна администрација (ReSPA), Бен Нупнау, заменик-шеф на Делегација на ЕУ во земјава, францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер, Неда Малеска Сачмароска, директорка на ЦУП.

Од Министерството додаваат дека дискусиите ќе бидат насочени кон зајакнување на институционалните капацитети, размена на добри практики и унапредување на системите за професионален развој во јавната администрација.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кина ги предупреди САД и Израел: „НЕ ГО ДОПИРАЈТЕ НОВИОТ ИРАНСКИ ЛИДЕР“

Latest from Blog

Кина ги предупреди САД и Израел: „НЕ ГО ДОПИРАЈТЕ НОВИОТ ИРАНСКИ ЛИДЕР“

Пекинг денес изрази противење на каква било странска акција насочена против новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи. „Кина се спротивставува на мешањето во внатрешните работи на други земји, под каков било

Македонската амбасада во ОАЕ со ВАЖНИ информации за евакуацијата на македонските државјани во Бахреин и Кувајт

Македонската амбасада во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) вечерва излезе со известување со кое ги информира македонските државјани во Бахреин и Кувајт за времето и начинот на нивната евакуација. -Информација за македонските граѓани
Go toTop