Министерски совет на ОБСЕ: Пет земји од Југоисточна Европа потпишаа заедничка декларација за борба против корупцијата

November 30, 2023
2 mins read

СКОПЈЕ (АА) – Министрите за надворешни работи на пет земји од Југоисточна Европа, на маргините на 30. Министерски совет на ОБСЕ потпишаа заедничка изјава за борба против корупцијата во овој регион, јавува Анадолу.

Декларацијата ја потпишаа Бујар Османи, претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи на Северна Македонија, заедно со министрите за надворешни работи на Албанија, Игли Хасани, Србија, Ивица Дачиќ, Босна и Херцеговина, Елмедин Конаковиќ и Црна Гора, Филип Ивановиќ.

Министерот Османи во својата изјава рече дека заедничките договори и декларации се организирани во соработка со Одделот за транснационални закани на ОБСЕ и Канцеларијата за економски и еколошки активности на ОБСЕ.

Тој рече дека како претседавач со ОБСЕ, ја поставил борбата против корупцијата како „приоритет број еден“ за регионот на Југоисточна Европа, заедно со помирувањето и градењето доверба.

„Тоа е заеднички предизвик со кој се соочуваме, прашање со кое всушност можеме да се собереме и заедно да го решиме. Ова беше целта на настанот и задоволен сум што над 70 експерти од регионот, заедно со државните претставници и меѓународните партнери, разговараа за патот напред за искоренување на корупцијата со посебен фокус на враќањето на имотот“, рече Османи.

Министерот за надворешни работи на Албанија, Игли Хасани, рече дека на регионот му е потребна политичка волја за борба против корупцијата, нагласувајќи дека „има политичка волја на оваа маса“.

„За Албанија, борбата против корупцијата и промовирањето на доброто владеење е домашен приоритет, но и на меѓународен план. Всушност, тоа ни беше приоритет и за време на нашето претседавање (со ОБСЕ) во 2020 година“, рече Хасани.

Министерот за надворешни работи на Црна Гора, Филип Ивановиќ, ја истакна потребата од преземање конкретни чекори за зајакнување на регионалната соработка во борбата против корупцијата и организираниот криминал, додавајќи дека потпишувањето на заедничката изјава е фокусирано токму на ова.

Тој, исто така, ја потврди јасната посветеност на Црна Гора за справување со корупцијата и организираниот криминал.

„Борбата против корупцијата и организираниот криминал е суштински предуслов за подобрување на квалитетот на животот на сите граѓани на земјите од Западен Балкан. Тоа е и критична одредница за проценката на напредокот на земјите аспиранти на нивниот пат кон ЕУ“, рече Ивановиќ.

Министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Елмедин Конаковиќ, рече дека корупцијата е една од главните причини зошто луѓето ги напуштаат земјите од регионот, додавајќи дека корупцијата е транснационален проблем.

„Денешниот настан нека послужи како важен момент на обновена посветеност и колективна определба. Босна и Херцеговина не стои како пасивен набљудувач, туку како активен учесник во борбата против корупцијата“, рече Конаковиќ.

Шефот на српската дипломатијата, Ивица Дачиќ, во својот говор нагласи дека борбата против корупцијата и организираниот криминал не може да биде успешна без сеопфатни и координирани акции, како и без меѓународна соработка.

„ОБСЕ треба да помогне за земјите да ги унапредат своите капацитети. Капацитетите за превенција, сузбивање, истрага и гонење. Се разбира, ние треба да ја одржуваме меѓународната соработка и размената на информации, стручност и најдобрите практики“, рече Дачиќ.

На 31 октомври оваа година, во рамки на македонското претседавање со ОБСЕ беше организирана регионална конференција за борба против корупцијата, перењето пари и олеснување на напорите за враќањето на имотот во Југоисточна Европа.

За време на оваа конференција, претставниците на земјите учеснички од овој регион на ОБСЕ ја одобрија заедничката изјава за борба против корупцијата преку враќање на имотот и користење на дигитализацијата, која беше финализирана денеска во Скопје преку официјална церемонија на потпишување.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

MARKETING

MARKETING

Претходно

(ВИДЕО) Вечерва на МРТ 1: Интервју со новиот шеф на американската дипломатија за Европа, Џејмс О’Брајан

Следно

Борг: Да го зачуваме и зајакнеме ОБСЕ

Latest from Blog

Филипче: Власта има 1.8 милиони евра за кампањи, но нема средства за семејствата на настраданите во Кочани

На средбата се разговараше за потребата од државна  поддршка  за семејствата на настраданите од трагедијата во Кочани. Претседателот Филипче посочи дека власта не прифати ниту еден  предлог на СДСМ за помош за

Барди ќе го носи дресот на Коњаспор

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди денеска беше претставен како нов играч на Коњаспор. Тој во следните две сезони ќе го носи дресот на овој турски тим. Ова воедно ќе биде

Сиљановска-Давкова и Бегај во Охрид: Двете земји можат да постигнат успех во заштита на Охридското езеро, природата и заедничкото природно богатство

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во вилата „Билјана“ во Охрид го прими претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, кој е во работна посета на земјава. Обајцата соговорници изразија задоволство од воспоставеното пријателство и

Мицкоски: Не очекувам поинаква реторика од источниот сосед, светот и Европа видоа која беше целта на бугарските политичари

Не очекувам од нашиот источен сосед и да испрати поинаква порака. Тие мора пред нашите европартнери и партнерите во НАТО да рефлектираат реторика со која ќе не обвинуваат нас, дека ние сме

Швјонтек по победата: Никогаш не очекував да го освојам Вимблдон

На убедлив начин полската тенисерка Ига Швјонтек во финалето без загубен гем ја совлада Американката Аманда Анисимова со 2:0 во сетови. Во официјалното обраќање на Централниот терен, Швјонтек изјави: -Никогаш не очекував
Go toTop