Министерката најави намалена акциза, а бензинот и дизелот поскапуваат – во што е разликата?

July 20, 2026
1 min read

Во речиси исто време кога министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска преку Фејсбук објави дека Владата донела одлука за намалување на акцизата на нафтените деривати, Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) соопшти дека од полноќ бензинот ќе поскапи за 3 денари, а дизелот за 6 денари по литар.

На прв поглед, информациите изгледаат контрадикторни, но станува збор за две различни работи. Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека од 21 јули во 00:01 часот ќе важат нови максимални малопродажни цени на горивата:

ЕУРОСУПЕР БС-95 – 90 денари за литар;
ЕУРОСУПЕР БС-98 – 92 денари за литар;
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 94 денари за литар;
Екстра лесно масло за домаќинство – 93 денари за литар;
Мазут М-1 НС – 45,373 денари за килограм.
Со новата одлука, бензините поскапуваат за 3 денари по литар, дизелот за 6 денари, екстра лесното масло за домаќинство за 7 денари, а мазутот за 3,205 денари по килограм.

Во меѓувреме, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска преку објава на Фејсбук информираше дека Владата на вонредна седница донела одлука за намалување на акцизата на нафтените деривати. Според неа, мерката има цел да ги ублажи последиците од кризата на Блискиот Исток, да придонесе за стабилизирање на цените на горивата и индиректно да влијае врз останатите цени во економијата.

Причината за поскапувањето и покрај најавите на министерската е тоа што акцизата е само еден од елементите што ја формираат конечната цена на горивото. РКЕ при пресметката ги зема предвид и движењето на цените на нафтените деривати на светските пазари, курсот на американскиот долар и другите елементи утврдени со методологијата за формирање на цените.

Доколку растот на набавните цени на нафтените деривати е поголем од ефектот што го има намалувањето на акцизата, конечната цена за потрошувачите сепак може да биде повисока. Со други зборови, намалената акциза не значи автоматски и поевтино гориво, туку може само да го ублажи поскапувањето што би било уште поголемо без таа мерка. Затоа, и покрај владината интервенција во акцизата, од полноќ возачите ќе плаќаат повисоки цени за бензинот и дизелот.

Извор: zurnal.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Проданоски: Заедно создадовме уште едно успешно издание на најзначајниот прилепски фестивал

Следно

Нетанјаху наскоро пристигнува во Њујорк- градоначалникот има намера да го уапси

Latest from Blog

СЕДМИОТ ГОСПОДАР НА ДАУНИНГ СТРИТ: Кој е Енди Барнам, човекот што ја презеде британската премиерска фотелја?

Како нов лидер на владејачката Лабуристичка партија, Енди Барнам стана 59-ти премиер на Обединетото Кралство на 20 јули. Барнам, кој има 56 години, доби широка поддршка во Лабуристичката партија за преземање на

Претседателот на КОНМЕБОЛ тврди: СП во 2030 ќе биде со 64 репрезентации!

фото: FIFA World Cup Stats (X) Претседателот на Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ), Алехандро Домингез, изјави дека Светското првенство во 2030 година сигурно ќе се одржи со учество на 64 репрезентации. „Следниот турнир

ПРЕСВРТ И ПРОТЕСТИ ВО УКРАИНА, Зеленски доби ултиматум: „Мора да си оди, крајниот рок е петок!“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се соочи со продлабочување на кризата околу неговото воено лидерство во понеделникот откако популарниот поранешен министер за одбрана, Михајло Федоров, кого го разреши минатата недела, ја отфрли неговата

Гостиварци пиеле фекалии од чешма од 26 јуни до 16 јули – водата содржела 48 пати повеќе колиформни бактерии од дозволеното

Гостиварци пиеле вода од чешма загадена со фекалии 48 пати над дозволените граници, покажале резултатите од земените мостри од Институтот за јавно здравје, кои што вечерва ги сподели Основното јавно обвинителство. Пумпите

Паредес одиграл три натпревари со скршено ребро

фото: GOAL @goal (X) Аргентинскиот играч од средниот ред, Леандро Паредес, ги одиграл последните три натпревари на Светското првенство со скршено ребро. Како што објави новинарот Мартин Аревало, играчот играл со оваа
Go toTop