Милошоски: Власта промовира европеизација, а склучува договори за енергетика само за провизии и профити со фирми на руски олигарси

February 6, 2023
1 min read

Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во утринската програма на Радио Лидер, вели дека владата на СДСМ и ДУИ набавува гас по многу поскапа цена од таа што е на берзата, а според информациите фирмата е регистрирана во Бугарија, а сестринските фирми кои се регистрирани на Кипар и во Русија се поврзуваат со рускиот олигарх Лебедев.

Јас гледам овие денови актуелно, па дури и власта е нервозна кон новинарите, прашањето зошто Македонија при набавките на гас во изминатите неколку месеци плаќа неколку милиони поскапо од буџетските пари во споредба со цената на гасот на берзите која што е падната. Но, се испостави според истражувањата на емисијата Код дека постои една микро фирма регистрирана во Бугарија, има свои сестрински фирми на Кипар, во Русија и други мести. Господинот Лебедев се поврзува со сопствеништво или дека има сериозно влијание во таа фирма, а таа фирма Балкан Јутилитис е главниот преговарач која што еднаш месечно или неделно доаѓаат и имаат средби со директорот на ЕСМ и со министерот за економија. И штом се плаќаат 1, 2 или 3 милиони поскапо за секоја набавка од оваа форми, наместо да се земат поповолни понуди, тогаш тоа доведува дека станува сомнеж дека се работи за корупција или одредени провизии, и тоа е главната желба и приоритет на власта, така гледаат на Бугарија, на Кипар а веројатно и на одредени руски олигарси, а од друга страна ни продаваат приказни за европеизација, вели Милошоски.

Милошоски праша каков е тој европски фронт кој го промовира власта, а прави провизии и профити со фирми на руски олигарси, потенцирајќи дека изјавите на Ковачевски дека не знаел дека неговата сопруга инвестира во енергетиката се приказни за мали деца, бидејќи владата дава субвенции.

Каков е тој европски фронт на власта на СДСМ и ДУИ кои што прави провизии и профит со фирма регистрирана во Бугарија и на Кипар во сопственост на еден голем руски олигарх како Лебедев, додаде тој.

Изговорите на Димитар Ковачевски се приказни за мали деца, сметам дека тој е свесен дека инвестициите на неговата сопруга се заеднички брачни инвестиции и особено тоа што инвестира во фирми за енергетика, каде владата дава субвенции е класичен конфликт на интереси. И инвестициите со неговиот кум кои што добива исто така сериозни владини субвенции, исто така е конфликт на интереси. И токму затоа Ковачевски, Ахмети, Груби, Васко Ковачевски од ЕСМ се борат за 3-4 месеци повеќе власт, бидејќи тоа за нив значат уште 3-4 сериозни големи набавки, или големи субвенции или провизии за да можат да си направат личен профит, смета Милошоски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Земјотресот во Турција би можел да биде најсилен во историјата на земјата

Следно

Екс хрватски голман со шокантна исповед за земјотресот во Турција кој траел повеќе од 1 минута

Latest from Blog

Америка вечерва ги нападна иранските сили во Ормуз, ИРАН ВОЗВРАТИ КОН АМЕРИКАНСКИТЕ БАЗИ ВО ЈОРДАН (ВИДЕО)

Американските сили вечерва нападнаа ирански ракетни лансери на островот Ларак во Ормутскиот теснец, објавија американските претставници. Ова е првиот американски воен напад врз Иран во последниот месец. Два лансери управувани од членови

АМЕРИКА Е ПРОТИВ “БЕЗУСЛОВНО ПРИМИРЈЕ“ и гласаше во интерес на Русија за “преговори“ без “безусловост“

Соединетите Американски Држави одбија да се приклучат на заедничката изјава за Украина во Обединетите нации (ОН), со која се осудуваат постапките на Русија и се бара безусловно примирје од Москва, а Вашингтон

ИСЛАНД РЕЧЕ “НЕ“ ЗА ЕУ И БРИСЕЛ, нивните интереси би се загрозиле со членството

Исланд гласаше против продолжување на преговорите за приклучување кон Европската Унија 13 години откако беа прекинати. Нивното “не“ беше изненадување за Брисел. Јавниот радиодифузен сервис RUV објави дека 52,8% од 225.031 гласачи
Go toTop