Мицкоски: Кога човек е слаб, немоќен и кукавица тогаш за да се прикаже жртва го вовлекува своето семејство

February 28, 2023
1 min read

Кога човек е слаб, немоќен и кукавица тогаш за да се прикаже жртва го вовлекува своето семејство, напиша на својот Фејсбук профил претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Денес на прес конференција Ковачевски ме обвини дека сум наредувал недолични напади врз неговата сопруга и неговата ќерка. Сите кои ме познаваат знаат дека тоа не е моја одлика, станува збор за безочна лага и навистина жалам што политичката комуникација се сведе на толку ниско ниво. Во интерес на вистината го повикувам Ковачевски веднаш до обвинителство да достави докази и истите да ги покаже јавно, а доколку тоа е така како што тој тврди, јас веднаш се повлекувам од политиката. Доколку тоа не го стори многумина ќе очекуваат да го тужам и правдата за оваа лоша лага да ја барам на суд…, но тоа нема да го сторам…, овој човек што го вовлекува своето семејство не заслужува такво внимание, поради што и сум и вистински згрозен. Воедно јас нема себе си да се прикажувам за жртва поради тоа што на моето семејство му се доделуваат невкусни ептитети и тоа токму од инсталициите на власта, оние кои управуваат медиуми и тие кои добиваат пари од истите, тоа што се инволвираат членови на моето семејсво во црна кампања, мојата сопруга, мајка, татко, сестра, тоа што се подметнува наводно скриен имот кој не е мој итн, итн. Јас нема да говорам за сето ова, зошто мојата решеност да одам до крај и да се борам за иднината е поголема од секоја нивна слабост и подмолност, истакна Мицкоски.

А вам две дами Ковачевски, не Ве познавам и сакам од срце да ви се извинам што морате ова да го читате. Имате мој поклон до земја. Со ништо не сум сторил нити ќе сторам да ја повредам вашата чест и достоинство, ниту на памет ми паднало семејства да вовлекувам во дневна политика. Ви посакувам бескрајно многу здравје и сила ова да го издржите. Знам што е да си сопруг и родител и јас за моето семејство ќе сторам се во животот, затоа го почитувам секое друго семејство затоа што знам дека тоа му значи на некого онолку колку моето мене ми значи, а ми значи СЕ на светот, додава Мицкоски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Уште еден силен земјотрес во Турција

Следно

Фудбалер на ПСЖ под истрага за силување

Latest from Blog

Коњановски: Од година во година „Мини Трчај бе“ станува сè поголема спортска приказна

Повеќе од 800 деца од Битола и од повеќе градови низ Македонија учествуваа на четвртото издание на детската трка „Мини Трчај бе“, што се одржа на битолското шеталиште. Градоначалникот на Општина Битола,

Бразил само до бод против Мароко!(ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/fifaworldcup/ Бразил – Мароко 1:1 е исходот од мечот од групата Ц на “Метлајф“ стадионот во Њу Џерси. Без Нејмар тимот на Карло Анчелоти неубедлив, далеку е овој Бразил од вечерва да

„НЕ СЕ ОТКАЖУВАМ, НИКОГАШ, НИКОГАШ, НИКОГАШ НЕ СЕ ОТКАЖУВАМ“ Орбан реизбран за лидер на Фидес

Главната опозициска партија во Унгарија, Фидес, денеска го реизбра поранешниот премиер Виктор Орбан за лидер на уште една година и покрај тоа што партијата ја изгуби власта на изборите на 12 април

Битолскиот совет даде зелено светло: Угостителите во Старата чаршија ќе бидат ослободени од комунална такса

Советот на Општина Битола едногласно ја изгласа иницијативата за ослободување од комунална такса на угостителските објекти кои работат во Старата битолска чаршија. Претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски, информираше дека
Go toTop