Меѓународна изложба на кучиња викендов во Скопје, изложувачи од повеќе соседни и европски држави

October 12, 2024
1 min read

На стадионот на АРМ во Градскиот парк во Скопје денеска и утре ќе се одржи меѓународна изложба на кучиња „Оctober Dog Show“ во организација на Кинолошкиот сојуз на Македонија и кинолошките клубови Поларис, Лотус Ројал и македонскиот клуб за шнауцери. 

Во двата дена ќе се одржат вкупно пет изложби од кои две меѓународни, две специјализирани за расите шнауцер и германски шпиц и една државна изложба. 

На меѓународните изложби пријавени се над 200 кучиња од Србија, Црна Гора, Косово, Грција, Бугарија, Хрватска, Италија, Полска, Украина, Англија и Чиле, а на државната изложба околу 150 кучиња. На специјализираната изложба за расата шнауцер ќе продефилираат 50-тина кучиња, а на изложбата за расата германски шипц 10-тина кучиња. 

Кучињата ќе бидат оценувани од судии од Северна Македонија, Србија, Перу, Литванија и Словачка. Најдобрите ќе добијат сертификат за државен шампион CAC и интернационален сертификат за првак во убавина CACIB. 

За првпат годинава во рамки на изложбата, а во соработка со здружението за деца со посебни потреби „Во мојот свет“, во недела ќе се одржи и ревија на која дечиња ќе продефилираат со нивните миленици. Настанот е од ревијален карактер, а ќе се одржи непосредно пред прогласувањето на најдобрите на изложбата. 

Изложбите ќе бидат отворени за посетители од 10 часот.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Србите го задржаа Ројевиќ за селектор на националниот тим

Следно

Најмалку 1.600 луѓе и 140 животни спасени од ураганот на Флорида

Latest from Blog

Чаир добива нова канализација и водовод – Меџити на терен

Првиот-вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити денеска ја посети улицата 157 во населба Гази Баба, каде што работите на инфраструктурниот проект се одвиваат со забрзано темпо. Канализацијата за атмосферски води

„Моја Кравица“ ја стартува својата прва национална наградна игра во Македонија

Бимилк со гордост ја претставува својата прва наградна игра за брендот Моја Кравица во Македонија, под слоганот „Исполни си ги желбите со Моја Кравица!“. Наградната игра ќе трае од 15 септември до

Возачите на „Шкода“ најмногу пцујат, меѓу британските возачи

Британскиот интернет-портал „Казино-онлајн“ испита 2.000 возачи од Велика Британија, за „богатиот речник и елоквентноста зад воланот“. Прашањето гласело: Дали, како возач, пцуете и колку често го правите тоа додека возите? – Порано
Go toTop