Медиуми: ПСЖ го продава Нејмар на крајот на сезоната

February 13, 2023
1 min read

Раководството на ПСЖ донело одлука на крајот на сезоната да го продаде бразилскиот фудбалер Нејмар, кој неодамна во соблекувалната влезе во вербален конфликт со спортскиот директор Луис Кампос, објави денеска весникот „Паризиен“.

Истиот извор посочува дека инцидент се случил по поразот на ПСЖ пред два дена на гостувањето кај Монако (1-3), напоменувајќи дека тоа не е ваков прв случај поврзан со бразилскиот репрезентативец.

„Челниците на ПСЖ донеле одлука дека е најдобро Нејмар да го напушти клубот, бидејќи внесува непотребен немир во тимот. ПСЖ планира да го стави на крајот на сезоната на трансфер листата“, пишува „Паризиен“.

ПСЖ утре му гостува на минхенски Баерн во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампиони.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПРВИ СНИМКИ ОД ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО РОМАНИЈА – цела куќа се тресеше, а родителите само го грабнаа детето и истрчаа низ вратата (ВИДЕО)

Следно

Најава за реконструкција на ул. „Радишанска“ 13.2.2023

Latest from Blog

Божиновска: Со стипендии и практична работа им отвораме пат на младите инженери

На иницијатива на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, АД МЕПСО ја обновува програмата за студентско стипендирање. За академската 2026/2027 година ќе бидат доделени 15 стипендии во месечен износ

Општина Битола: До 19 ноември може да предложите волонтер или волонтерска акција за локална награда

Локалниот совет за волонтерство на Општина Битола ги поканува сите волонтери и организатори на волонтерска работа, кои во 2026 година оствариле значителен придонес во областа на волонтерството да се пријават на повикот

Канадски министер за енергетика: Рударството влегува во најголемиот инвестициски суперциклус во историјата

Светот влегува во досега најголемиот инвестициски суперцикл во историјата на металургијата и рударската индустрија, изјави канадскиот министер за енергетика и природни ресурси, Тим Хоџсон, за време на неговото обраќање во Лондон. Според него,

Рударството во пад: Димов повикува на развој заснован на знаење и стручност

Падот на индустриското производство во рударскиот сектор продолжува и во септември, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Во услови кога вкупното индустриско производство во државата бележи раст од 2,4%, рударството

Ракометната федерација на Македонија со остра реакција по мечот со Грција: Кратенката НМКД е неприфатлива

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) најави дека ќе поднесе официјален приговор до Европската ракометна федерација (ЕХФ) и до Ракометната федерација на Грција поради кратенката што беше употребена во телевизискиот пренос од натпреварот
Go toTop