Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, заедно со младите од Чаир го посети Саемот на книгата во Скопје, истакнувајќи дека станува збор за настан кој носи нова енергија и инспирација кај младите генерации.
„Кога се среќава ‘републиката на идеи’ со ентузијазмот на младите, резултатот е вистинска вредност за општеството“, порача Меџити, нагласувајќи дека ваквите настани се клучни за поттикнување на културата на читање и критичко размислување.
Саемот, кој се одржува од 23 до 29 април во арената „Борис Трајковски“, обединува околу 65 издавачки куќи од земјата и странство, нудејќи нови наслови, средби со автори и професионални активности.
Според Меџити, Саемот на книгата не е само културен настан, туку и простор што го збогатува градот и отвора нови хоризонти за граѓаните, особено за младите, кои преку книгата ги откриваат световите на знаењето и идеите што ги поврзуваат луѓето.


