Мбапе за скандалот во Лисабон: Бројот 25 од Бенфика пет пати му кажа на Вини дека е мајмун!

February 18, 2026
1 min read

Натпреварот од Лигата на шампионите помеѓу Бенфика и Реал Мадрид беше обележан со целосен хаос. Винисиус Жуниор го постигна победничкиот гол за шпанскиот тим, а потоа реши да прослави танцувајќи покрај корнер знамето. Навивачите на домашниот тим го сфатија тоа како провокација, почнаа да извикуваат, а потоа следеше вербален дуел помеѓу Џанлука Престијани и него. Бразилецот истрча до судијата и тврдеше дека противничкиот играч го навредил на расна основа.

„Број 25 од Бенфика, нема да го кажам неговото име бидејќи не го заслужува. Почна да кажува некои лоши работи, што не е убаво, но е дел од фудбалот. Сепак, потоа ја крена маицата преку уста и пет пати повтори дека Винисиус е мајмун. Го слушнав тоа. И играчите на Бенфика го слушнаа тоа“, рече Килијан Мбапе во изјава по натпреварот.

Францускиот фудбалер е убеден дека слушнал правилно и дека Престијани ги кажал токму тие зборови.

„Од тој момент, видовте што се случи. Мораме мирно да ги објасниме работите. Нема да генерализирам. Многу пати сум бил во Португалија и имав среќа да имам многу пријатели тука, а нешто такво никогаш не ми се случило. Важно е мирно да се зборува за овие работи, а не да се генерализира, бидејќи има луѓе кои не направиле ништо. А на стадионот имаше 60.000 луѓе кои не направиле ништо и само сакаа да го поддржат тимот.

Имам голема почит кон Бенфика, кон тренерот Мурињо, кој исто така ја напиша историјата на Реал Мадрид. Но, овој играч никогаш повеќе не заслужува да игра во Лигата на шампионите, што е најубавото натпреварување. Навивачите, новинарите, ние играчите, сите уживаме во Лигата на шампионите и мора да дадеме вистински пример и да им ги покажеме вистинските вредности на децата. Нешто мора да се направи“, рече Мбапе.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Битола со поддршка за лицата со ретки болести – до 30.000 денари годишно

Следно

Андоновски: Имаме системски пристап кон употребата на Вештачката интелигенција

Latest from Blog

Проданоски: Се уредува последниот дел од плоштадот „Методија Андонов – Ченто“

Центарот на Прилеп наскоро ќе добие нов изглед, со почетокот на реконструкцијата на последниот неуреден дел од плоштадот „Методија Андонов – Ченто“. Проектот кој е вреден 16.356.730 денари е обезбеден преку вториот

Пекинг упорно ги негира информациите дека извршиле нуклеарна проба- САД имаат докази

Помошникот државен секретар Кристофер Јиу изјави на настан во Институтот Хадсон, тинк-тенк во Вашингтон, дека оддалечена сеизмичка станица во Казахстан измерила „експлозија“ од 2,75 степени, лоцирана на околу 450 милји оддалеченост на

Божиновска: Развојот на гасната мрежа е стратешки интерес на државата

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со извршниот директор на НОМАГАС АД Скопје, Недим Рама, на која беа разгледани тековните активности и следните чекори за развој

Можни се законски промени, Андоновски следната недела на средба со инфлуенсерите

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски денеска од Штип најави дека се можни промени, односно законски измени со кои се регулира работата на инфлуенсерите, а за што Агенција за аудио и аудиовизуелни

Андоновски: Имаме системски пристап кон употребата на Вештачката интелигенција

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска имаше свое обраќање на меѓународната конференција „AI for Society & Smart Governance“, во организација на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, каде што истакна дека вештачката
Go toTop