Макрон кажа дека треба да се направат уставните измени и да се искористи согласноста на ЕУ за проширувањето, вели премиерот

May 31, 2023
2 mins read

Ковачевски во интервјуто за Канал 5 ТВ кажа и дека веќе испратил покана до Мицкоски и очекува средбата да се случи наредните денови. Теми на состанок, според него, ќе бидат уставните измени и односите со соседите. Во однос на тоа дали би имало брзи избори доколку не успеат уставните измени, премиерот и лидер на СДСМ порача дека тие ќе се случат во редовниот термин – прво претседателски во првата половина на март 2024 година, а потоа во втората половина на јуни в година и парламентарни

Францускиот претседател Емануел Макрон на средбата со премиерот Димитар Ковачевски во Братислава денеска испратил јасна порака, вели првиот човек на Владата во интервју за Канал 5 ТВ.

Двајцата, како што рече, разговарале за уставните измени и Макрон порачал дека сега е моментот во земјава да се донесат потребните одлуки за интеграцијата во ЕУ и да се искористи политичкиот момент на согласност меѓу земјите членки на Унијата во однос на проширувањето.

„Разговаравме за процесот на уставни измени кој кај нас е отпочнат. Предлогот за иницијативата е веќе направен, испратен до Министерството за правда, идната недела ќе биде доставен до Владата, која подоцна ќе го испрати до Собранието за да отпочне процедурата. Претседателот Макрон, исто како и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, кажаа дека сега е моментот да се донесат потребните одлуки, кои овозможуваат непречено интегрирање на Северна Македонија во ЕУ за да се искористи геополитичкиот момент на согласноста на земјите- членки на ЕУ за проширување со нови земји членки, а тука, пред сè, се мисли на нас, на Албанија и на другите земји од Западен Балкан“,

рече Ковачевски.

Премиерот во интервјуто ја истакна и силната поддршка која ја дал Макрон за европската интеграција и иднина на Северна Македонија.

На прашање дали со францускиот претседател разговарал за односите со Бугарија и изјавите на бугарските политичари, премиерот рече дека конкретно не, но нагласи оти и Макрон и Европската комисија ги знаат нашите позиции. Ние сме држава, рече Ковачевски, која сите прашања успеала да ги реши со помош на дипломатијата и сме пример за политички и дипломатски пристап во решавањето на проблемите внатре и со соседите.

Ковачевски зборуваше и за пораката од американскиот сенатор Крис Марфи кој пред неколку дена во Скопје порача дека неспроведувањето на уставните измени може да влијае на односите на Северна Македонија со САД. Неговата порака, рече премиерот, не се разликува од останатите што ги испратија и државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, претставниците на ЕУ – претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, и др.

„Апсолутно дека и во САД, меѓутоа и во НАТО и во нашите партнерски држави во ЕУ, постои мислење дека во нашата држава сега е моментот кога треба да го направиме исчекорот. Да покажеме сите заедно дека сме партнер и на САД и на ЕУ и на НАТО. И дека оваа Влада тоа го застапува исто како и нашите граѓани. Нашите граѓани секогаш биле на вистинската страна на историјата, дека ние се застапуваме за демократските вредности и интеграција на државата во ЕУ. Пораката беше многу јасна дека оние кои се против таква политика, практично, нема да наидат на поддршка кај политичарите, дипломатите во државите од нашите стратешки партнери“,

рече Ковачевски.

Уставните измени ќе бидат една од темите и на лидерската средба што тој треба да ја одржи со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Поканата, вели премиерот, е веќе испратена и средбата треба да се одржи деновиве. Покрај уставните измени, втората тема, според Ковачевски, ќе бидат односите со соседите и пристапот кој треба да го имаме како држава во однос на градење добрососедство.

На прашањето што ако не успеат промените на Уставот односно дали ќе се оди на брзи избори, Ковачевски рече дека тогаш другата опција е изолација како во периодот од 2006 до 2016 година. Избори, порача, ќе има во редовниот термин – прво, претседателски во првата половина на март 2024 година, а потоа во втората половина на јуни в година и парламентарни.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Катастрофа – не е фер, вели Курти откако Американците го исклучија Косово од воена вежба

Следно

Погба најлош трансфер сезонава во Европа според „Гол“

Latest from Blog

БРАКО продолжува да помага: болницата во Велес доби современа медицинска опрема

Фабриката Брако од Велес повторно покажа дека е вистински партнер на својата заедница. Со донацијата на нов ЕКГ апарат за Интерното одделение, велешката болница ќе може да обезбеди побрза и посигурна здравствена

Историјата оживеа онлајн – над 17.000 луѓе ја истражуваа „Македонска Држава“ во првата недела

 Повеќе од 17.000 посетители во првата недела: „Македонска Држава“ го разбуди интересот за историјата Над 17.000 корисници ја посетија платформата „Македонска Држава“, која успешно беше лансирана на 8 септември годинава. Бројот на

Албанската бот министерка дебитираше во парламентот (ВИДЕО)

Премиерот Еди Рама го претстави ботот генериран од вештачка интелигенција како симбол на стремежот на владата за поголема транспарентност и технолошки иновации, пренесе Аваз. Ботот се вика Диела, што на албански значи

Алпите – „енергетска банка“ на високоразвиената Европа

Алпите се срцето на европската хидроенергија. Планинскиот масив ја дава клучната флексибилност за интеграција на ветерот и сонцето во европската електроенергетски систем, додека истовремено е и под растечки еколошки притисок. Распослан на
Go toTop