Македонците во Хрватска и оваа година организираат Рацинов ден во Самобор

November 23, 2024
1 min read

По повод 85-годишнината од издавањето на збирката поезија од Кочо Рацин „Бели мугри“, денеска во Самобор, заедницата на Македонците во Република Хрватска и МКД „Охридски бисер“ од Загреб, организираат културна манифестација „Рацинов ден – Бели мугри“.

Традиционалниот собир и годинава ќе почне со положување венци и цвеќе на бистата на Кочо Рацин во паркот на Музејот, со почеток во 13:30 часот.

Кочо Рацин, нелегално ја отпечатил својата стихозбирка „Бели мугри“ пред 85 години во Самобор. Затоа македонската заедница секоја година се собира на Рациновиот ден, организирајќи културен настан во Самоборскиот музеј.

На настанот, предавање за животот и делото на Кочо Рацин ќе одржат професорите Игор Деспот, Горан Коров и Ивана Брезовец. Учениците кои следат настава по македонски јазик по модел Ц во Хрватска, ќе рецитираат поезија на Рацин.

Покровител на настанот е Советот за националните малцинства на РХ и Самоборскиот музеј.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Министерот Бајрактар: Големото меѓународно присуство на Истанбулскиот енергетски форум показател за довербата во Туркије

Следно

Состојба на патишта: Сообраќајот на дел од патиштата се одвива по влажни коловози

Latest from Blog

Гарначо е нов играч на Астон Вила

Екс играчот на Манчестер Јунајтед, а и на Челзи, Алехандро Гарначо и официјално е нов играч на екипата на Реал Мадрид. Аргентинецот е позајмен на една година, а потоа Вила ќе има

САД продолжуваат со воздушните напади врз Иран

Цели биле иранските поморски капацитети, складишта за ракети и беспилотни летала, крајбрежни системи за надзор и објекти на противвоздушната одбрана. Според ЦЕНТКОМ, операциите треба дополнително да ја намалат способноста на Иран да

До крајот на неделата водата во Гостивар технички да биде исправна

Премиерот Христијан Мицкоски очекува до крајот на неделата водата во Гостивар технички да биде исправна, а кон крајот на следната недела и безбедна за пиење, доколку сите активности се реализираат според предвидената

Божиновска: Македонија станува дел од европската водородна револуција

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја заврши првата сеопфатна Водородна студија за Македонија, документ кој ги анализира можностите за развој на водородниот сектор и отвора пат кон создавање модерна и
Go toTop