Македонија убедлива во Рига, прво место во групата на половина од натпреварувањето

October 10, 2024
1 min read

Македонската фудбалска репрезентација со убедливи 0:3 славеше на гостувањето во Рига против Летонија во рамките на Лигата на Нациите.

Македонија беше подобриот противник во првото полувреме, што резултираше и со голот на Јани Атанасов, кој го отвори резултатот во 35 минута од натпреварот.

Вториот дел започна поизедначено, со неколку обиди на домаќините да постигнат гол, но сепак Лирим Ќамили го зголеми резултат на 0:2 во 70 минута, само четири минути откако влезе на теренот.

Конечните 0:3 ги постави Елиф Елмас во судиското надополнување.

Статистиката покажува дека Македонија беше заслужен победник на натпреварот, со 53 отсто посед на топката и 14 удари, од кои седум беа во рамките на голот. Летонија имаше вкупно 11 удари, од кои само два заврши во рамките на голот на Димитриевски.

По овој натпревар, Македонија ја зацврствува првата позиција во групата 4 од Лигата Ц со седум освоени поени. Втора останува Ерменија, следниот противник на македонската репрезентација.

Гостувањето во Ерменија ќе биде на 13 октомври, во недела, во натпревар што најверојатно ќе го одлучи победникот на групата. Во првиот натпревар помеѓу двете репрезентации, во Скопје, Македонија славеше со 2:0.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Милевски: Победата е голема заслуга на фудбалерите

Следно

Македонските мировници во Либан по нападот на израелската војска се неповредени и безбедни

Latest from Blog

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

„Од овој момент, ја прогласувам ракетната доминација на синовите на Иран над небото на окупираните територии“, објави командантот Сејед Маџид Мусави на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека „новите тактики и системи
Go toTop