Македонија претседавач на Европскиот конгрес по неврохирургија

October 16, 2024
1 min read

Европскиот конгрес по неврохирургија Професорот од универзитетската клиника за неврохирургија во Скопје неврохирургот д-р Владимир Рендевски, на овогодишниот европски конгрес на неврохирурзи е избран за претседавач на сесијата на неврохирурзи на југоисточна Европа, во рамки на работниот дел на конгресот, што според него , претставува големо признание за државата од страна на европската асоцијација за неврохирургија, како држава која сеуште не е официјална членка на Европската Унија. На научниот настан од областа на неврохирургијата во Европа, учествуваат 1675 учесници, со 1337 научни презентации, 371 предавач и 6 главни говорници, кои во овие 5 дена во повеќе паралелни работни сесии ги разменуваат своите искуства и научни сознанија од областа на неврохирургијата и невронауката.

Професорот Рендевски, во работната научна сесија, како раководител на научноистражувачкиот мултидисциплинарен тим, ги претстави најновите резултати од нивната повеќегодишна работа во областа на биомаркерите од групата на инерлеукини и оксидативниот стрес, кај пациентите со хеморагичен мозочен удар. Тие направија апликативен софтверски пакет, кој овозможува математичка пресметка и 3Д прикажување на резултатите од предвидуваниот мозочниот едем што се развива кај пациенти по настанување на мозочниот удар.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Маглата го прекина бродскиот сообраќај во истанбулскиот теснец

Следно

Шпанската влада е против создавање центри за мигранти во земји надвор од ЕУ

Latest from Blog

Девет месеци по новиот предлог, законот никако да се донесе: Претседателката помилува, новите правила на чекање

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, неодамна, на 2 Август – Илинден, помилува 25 осудени лица, но и годинава тоа беше направено врз основа на законските одредби донесени уште во 1993 година. Новите

Сити носи замена за Родри од Франција

Мароканскиот репрезентативец Ајуб Боудади ќе биде замената за легендарниот Родри во тимот на Манчестер Сити. Играчит на Лил, кој што е проценет на 100 милиони евра, летово ги промени националните бои и

Речиси 6 милиони денари промет: Макпетрол повторно во фокусот на инвеститорите

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 11.08.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.243,99 поени. Во однос
Go toTop