Македонија ЃП го одбрани трофејот во фудбалскиот Куп на Македонија

May 20, 2023
1 min read

Фудбалерите на Македонија ЃП ја одбрани титулата во фудбалскиот Куп на Македонија. Во финалето „Лавовите“ славеа против актуелнот шампион Струга ТЛ по подоброто изведување на пенали. Натпреварот по 120 минути игра заврши 1:1, а пенал-рулетот и припадна на Македонија ЃП со 2:0.

Македонија ЃП од една од ретките добри акции во првиот дел успеа да избори пенал. Топката во раката го погоди Кочоски, а судијата Стојчевски и покрај жестоките протести на стружани досуди пенал. Сигурен реализатор на најстрогата казна беша Мишевски во 28.минута.

По слично сценарио си играше и во втрото полувреме. Струга ТЛ ја имаше топката, но не успеваше да дојде до голот на Македонија ЃП. Од друга страна во периодот од 55. до 61.минута „лавовите“ имаа можност да постигнат гол преку Фазли и Стојкоски.

Иницијативата стружани ја материјализираа во 78.минута преку Незири кој ја нафрли топката од десната страна, Стефковски го одбрани ударот на Радиќ, но на одбиената топка налета Јусуфи и ја смести во голот. До крајот немаше возбудувања, па натпреварот влезе во дополнителните 30 минути.

На стратот од првото продолжение, Радески се обиде од 20.метри, а топката одеше во Стефковски кој лесно интервенираше. Девет минути подоцна се обиде стрелецот на израмнувачкиот гол, Јусуфи, но неговиот удар ззаврши над голот.

Македонија ЃП, првата закана во продолжението ја имаше во 103.минута Самаке, неговиот удар одеше по средните на голот. Ќосески лесно одбрани. Во наредниот напад Шабани од добра позиција упати непрецизен удар.

Илиески имаше добра шанса за Македонија ЃП во 106.минута, но неговиот удар беше блокиран и заврши во корнер. Ова беше единственото нешто што се случи на теренот до крајот на продолжението.

Струга ТЛ: Таири (над голот), Радески (греда), Незири (греда), Шабани (Стефковски брани )

Македонија ЃП: Мишевски (Ќосевски брани), Личина ((0:1), Алексовски (брани Ќосевски), Скендери (0:2).

foto: gol.mk

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

(ВИДЕО) Пригожин тврди дека го зазеле Бахмут, украинската војска вели дека се водат жестоки борби

Следно

Пронајдени остатоци од спортскиот авион што денеска се урна во Хрватска

Latest from Blog

Фото: Чуварката на плажа не излегува од бикини

Познатата актерка Дона Дерико која се прослави со улогата во легендарната серија „Чувари на плажа“,  каде ја играше прекрасната Дона Марко, сега покажа дека годините не ѝ можат ништо и дека за

Лацио минимално подобар од Јувентус

фото: Lega Serie A (X) Фудбалерите на Лацио ја совладаа екипата на Јувентус со минимални 1:0 во вечерашниот натпревар од италијанската Серија А. Единствениот гол на мечот го постигна Башиќ во 9-тата

Минчев: Движењето ЗНАМ го потврди својот раст и стабилност – резултатот е одличен!

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија го потврди својот континуиран раст и стабилизација на политичката сцена по првиот круг од локалните избори. Генералниот секретар на движењето, Горан Минчев, во гостување во централниот дневник

Трагедија во Аргентина: Автобус падна во река, најмалку девет загинати

Девет лица загинаа, а 29 се повредени денес во североисточна Аргентина, каде што автобус падна на неколку метри од мост, откако се судрил ао автомобил, соопштија локалните власти. Несреќата се случила околу 4:30
Go toTop